Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ и БЕСА ги надгласаа СДСМ и ДУИ на Комисијата за избори и именувања

0
By Соња Петрушевска on July 29, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 29, 2019 12:58

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ и на БЕСА  ги надгласаа пратениците на СДСМ и на ДУИ во комисијата за избори и именувања со која претседава Илија Димовски, а на која треба да се расправа за Програмскиот совет на МТВ и за избор на членови на Агенцијата за медиуми. Пратениците од владеачкото мнозинство побараа да се расправа само за овие две точки ( тие се ставени последни на дневниот ред) а за останатите 14 расправата да се одложи за по одморите.

Но со 7 гласови против  – 6 пратеници од ВМРО ДПМНЕ и еден од БЕСА предлогот беше одбиен.

Фадил Зендели – пратеникот од БЕСА кој гласаше против предлогот на СДСМ и на ДУИ за НОВА рече дека и претходно соодносот на силите во оваа комисија бил во корист на опозицијата, но дека досега се наоѓал начин комисијата да работи.

„ Нека си се договораат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ – гласав против затоа што мислам дека се важни точките од дневниот ред и не треба да се пролонгира нивното изгласување“ – рече Зендели.

Пратеникот Зендели досега ги поддржуваше предлозите на владејачката коалиција.

Ова значи дека власта практично нема повеќе мнозинство во една од најважните комисии во Собранието – на која се гласа  за сите нови директори и членови на совети, агенции, а преку оваа комисија мора да поминат и сите именувања на пратеници  во собраниските комисии.

Опозицијата сега инситира испразнетите места во собраниските комисии по оставката  на пратеникот Весел Мемеди да се пополнат со пратеници од Алијансата на Албанците затоа што тој на изборите настапил на заедничка листа со партијата на Села. Доколку се прифати нивниот предлог, тогаш парламентарното мнозинство ќе го изгуби мнозинството и во законодавно- правната комисија . Изборот на нови пратеници во комисиите наместо Весел Мемеди е прва точка на дневниот ред.

Пратеникот Мемеди, кој си поднесе оставка од функцијата пратеник беше потпретседател на Собранието и член на повеќе собраниски комисии.

Инаку, бројот на пратеници – членови во собраниските комиси се одредува според бројот на пратеници кои една партија ги има во Собранието.

Пратеници од власта објаснуваат дека распоредот во некои собраниски комисии мора да се менува затоа што се сменил и бројот на пратеници на опозицијата.

„Рсапоредот на членови во собраниските комисии се правеше врз основа на резултатите од изборите – кога СДСМ имаше 51 пратеник, а ВМРО ДПМНЕ 49. Но, сега бројот на пратеници на ВМРО ДПМНЕ е 39, пратеничката група на БЕСА се преполови, а се формираше и нова Независна пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ. Треба да се направи нов распоред на членовите во комисите“ коментираат пратеници од СДСМ.

Од 21 собраниска комисија ВМРО ДПМНЕ претседава со 10.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.