Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Mitreska
„Фиат“ ќе произведува електричен автомобил во Крагуевац, а производството се очекува да започне во 2024 година. Договорот со корпорацијата „Стелантис“ предвидува инвестиција вредна 190 милиони евра, а Србија ќе инвестира свои 48 милиони, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ по средбата со претставниците на „Стелантис“. „Денес започнуваме нова ера во инвестирањето во нашата земја, потпишавме договор за финансирање на електричниот автомобил што ќе се произведува во Крагуевац“, рече Вучиќ. Тој додаде дека Србија мора да почне да се подготвува за електрични и хибридни автомобили, пренесува нова.рс. „Ќе треба да размислуваме за цената на енергичната енергија. Треба да имаме евтина струја, а…
Стабилноста на денарот е јавно добро и е клучна за општата стабилност во економијата. Тоа укажува колку е голема одговорноста којашто ја има Народната банка, како институција којашто има мандат да се грижи за неговата стабилност, посочи на свеченоста за одбележување на 30 години монетарна самостојност гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. -На овој свечен ден, кога чествуваме јубилеј којшто не е значаен само за Народната банка, туку за татковината и за нацијата во целина, стоејќи пред вас, уште еднаш нагласувам – стабилноста на денарот е загарантирана, истакна гувернерката на Народната банка. Таа додаде и дека по примерот на Европската…
Поранешниот министер Миле Јанакиески е ослободен од обвинението дека ја злоупотребил службената положба за јавната набавка во случајот „ТНТ“, предмет кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. За останатиот дел од обвинението – незаконско уривање на „Космос“, обвинителството смета дека обвинетите ги сториле делата. Обвинителот Бурим Рустеми пред судот на денешното рочиште се откажа од еден став од обвинението за „злоупотреба на службена должност” против обвинетиот Јанакиевски и ја намали штетата од уривањето на комплексот, што според вештачењата се проценува на 683. 514 964 денари. Во овој судски предмет, е обвинет и поранешниот градоначалник на…
Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ затоа што граѓаните на Македонија тоа го заслужуваат, а Бугарија да ги овозможи основните човекови и јазични права на Македонците во Бугарија, порача Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ од Парламентарното собрание на Советот на Европа. Тој вели дека две од 14-те пресуди на Европскиот суд, на многу симболичен начин покажуваат каде се наоѓа Бугарија во овој процес. – Првата е за одбивањето да се регистрира „македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија. Што е спорно ако се регистрира македонски клуб за етничка толеранција, кога етничката толеранција е највисока цел на Советот…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 27 и 28.04.2022 година, среда и четврток, поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентон, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. Од тие причини СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место во семејна куќа во селото Вруток, каде вчера беше пронајдено безживотно тело на една жена со повеќе убодни рани од нож. Станува збор за жена по потекло од Република Албанија, родена 1967 година, која била мажена и живеела во Вруток. Според првичните сознанија, смртта на жената настапила околу 24-48 часа пред нејзиното пронаоѓање. Јавниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место, како и за обдукција на починатата. Првичните траги упатуваат дека смртта е насилна и се трага по сторителот, информира Обвинителството.
„Британската амбасадорка во Скопје ќе биде нападната со огнено оружје. Ова не го пријавувам во македонската полиција, затоа што нема да ја сфатат сериозно заканата“. По ова, повикот го прекинал, но пораката била сочувана во системот. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55 годишен жител на селото Мешеишта, општина Дебрца, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според обвинителството, осомничениот, на 14 април се јавил на официјалниот телефонски број на Амбасадата на Велика Британија во Скопје, каде се вклучил автоматскиот…
Во чајџилница во Чаир синоќа е застрелан четириесет и седумгодишен маж кој починал во болница, информира полицијата. Според соопштението на МВР, настанот бил пријавен околу 21.40 часот, односно било пријавено дека две лица пукале од автоматско оружје на улицата „Браќа Реџепагиќи“. „Во престрелката тешко е повреден Ј.И. (47) од Скопје, кој бил испратен во Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“, каде околу 22.20 часот починал. Со повреди се здобиле и М.А. (43) и Љ.Ш.(42) од Скопје, кои се испратени со лекарска помош во Општата болница „Свети Науми Охридски“, се вели во известувањето на МВР. Неофицијално, скопјанецот Јонуз Идризи е убиенот во пукањето.…
Независниот синдикат на управата за водење на матични книги најави дека од утре вработени во управата стапуваат во штрајк. Тие бараат донесување на колективен договор на ниво на работодавач, усогласување на платите согласно покачувањата на минималната плата и линеарно покачување на платите на сите вработени во управата. Вработените бараат и унапредување, односно соодветни звања на вработените во управата. Синдикатот информира дека за време на штрајкот кој започнува во 8 часот, граѓаните нема да можат да поднесуваат барања за лични документи кои се издаваат од Управата за водење на матични книги. Тие претходно дадоа рок од 15 дена за нивните барања…
Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука за зголемување на цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 2 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од вечер на полноќ ќе изнесува 84,50 ден/литар, бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе се продава по 81,50 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 по 83,50 денари/литар, маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 82,50 денари/литар, а мазутот М-1 НС ќе чини 51,599 денари/килограм.
Трите плаца на Груевски со вкупна површина од 11.000 метри квадратни од кои еден плац со површина од 2.700 квадрати на Водно, два плаца во Крушево, три стана во комплексот „Панорама резиденс“ со вкупна површина од 750 квадрати, два стана на Павел Шатев се конфускуваат, по одлуката на судечкиот совет што денеска ја соопшти Илија Трпков, судијата во судскиот предмет познат во јавноста како „Плацеви на Водно“. Пазарната вредност на конфискуваниот имот изнесува околу три милиони евра. На поранешниот премиер денеска му беше изречена казна од седум години затвор. Груевски доби и парична казна во висина од 3.200 евра Неговиот…
Никола Груевски, Сашо Мијалков, Ристо Новачевски, Јордан Камчев и Ненад Јосифовиќ се виновни пресуди судечкиот совет во случајот „Плацеви на Водно“ во кој првообвинет за перење пари и противправно стекнување и прикривање имот е поранешниот премиер кому му се судеше во отсуство и кој доби казна од седум години затвор. Груевски доби и парична казна во висина од 3.200 евра Неговиот кум Ристо Новачевски е условно осуден како и бизнисменот Ненад Јосифовиќ кој доби условна казна од две години. Јордан Камчев кој беше обвинет за „перење пари” доби една година затвор. Првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК,…