Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски осуден на седум години затвор, Мијалков година и три месеци за „Плацеви на Водно“

0
By НОВА ТВ Mitreska on April 21, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 21, 2022 15:05

Никола Груевски, Сашо Мијалков, Ристо Новачевски, Јордан Камчев и Ненад Јосифовиќ се виновни пресуди судечкиот совет во случајот „Плацеви на Водно“ во кој првообвинет за перење пари и противправно стекнување и прикривање имот  е поранешниот премиер кому му се судеше во отсуство и кој доби казна од седум години затвор.

Груевски доби и парична казна во висина од 3.200 евра

Неговиот кум Ристо Новачевски е условно осуден како и бизнисменот Ненад Јосифовиќ кој доби условна казна од две години. Јордан Камчев кој беше обвинет за „перење пари” доби една година затвор. Првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков кој е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“ е осуден со неправосилна пресуда од една година и 3 месеци.

Ратка Камчева, се ослободува од вина, бидејќи за неа кривичното дело е застарено.

Судијата Илија Трпков на денешното судско рочиште рече дека во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 Груевски како лидер на партијата наместо да ги прикаже како примени донации во ВМРО-ДПМНЕ, 1,3 милиони евра ги злоупотребил и ги прибавил за себе, а потоа ги пуштал во оптек и преку фирма во Белизе купувал парцели на Водно. Избеганиот поранешен премиер ги заменил плацевите на Водно со три стана со површина од 750 м2 на атрактивна локација во „Панорама резиденс“, исто така, на Водно.

Претходно обвинителката Лиле Стефанова за Груевски од судот побара да му изрече највисока казна, а за обвинетиот Сашо Мијалков казната да биде повисока од предвидената.Обвинителката побара и конфискација на становите на Никола Груевски, вклучително и трите стана во Панорама, сопственост на фирмата „СС инвестмент”.

За останатите обвинети, застапникот на обвинението го процени како исклучително важен исказот на обвинетиот Ристо Новачевски и му предложи на судот истиот да биде условно казнет.

За обвинетите Ненад Јосифовиќ и Јордан Камчев, обвинителката Стефанова побара минимални казни. Во завршните зборови обвинителката Стефанова наведе дека го повлекува обвинението за Ратка Камчева бидејќи делото е застарено.

С.М.

 

Кривичен суд Плацеви на Водно пресуда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.