Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Mitreska
Перцепцијата за судскиот систем сѐ уште не е променета и треба да се направи нешто радикално, смета министерот за правда Никола Тупанчески. Тој во гостувањето во „Утрински брифинг“ вели дека ако се премине на тоа порота составена од граѓани да одредува нечија вина во судски процес тоа значи напуштање на континенталното право и префрлање на правосудниот систем на САД. -Во иднина може да се размислува за создавање нов Граѓански законик кој ќе ги опфаќа сите прашања, а за тоа можеме и да ги прашаме луѓето. Сите елементи од прецедентното право може да се вклучат ако е тоа од полза во…
Обвинителството поднесе обвинение против осуммина диви копачи и трговци со македонско културно наследство кои во периодот од 21 мај 2020 година до 30 септември 2021 година вршеле незаконски активности. Обвинетите Д.Р. и К.Т. создале група со цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна, а како припадници на групата станале обвинетите Б.К, Н.Л., З.Т., С.К., П.М. и Ѓ.П. за чие извршување групата станала функционална целина. -Обвинетите преземале дејствија за остварување на целите на групата – стекнување противправна имотна корист од неовластена од надлежен орган, продажба на добра под привремена…
Рускиот бизнисмен Роман Абрамович може да купи турски фудбалски клуб. Како што јави „Си-ен-ен Турк“ Абрамович преговара со сопственикот на Гезтепе, Мехмет Сепил. Се забележува дека во блиска иднина сопственикот на Гезтепе ќе се сретне со претставник на рускиот бизнисмен. Претходно беше објавено дека Сепил ќе ја напушти функцијата претседател на клубот. По 30 кола во турскиот шампионат, Гезтепе освои 27 бода и се наоѓа на 18. место во поредокот. За потсетување, на 2 март Абрамович ја објави продажбата на неговиот сегашен клуб Челзи.
Уставниот суд на денешната седница го отфрли барањето за заштита на слободите и правата, поднесено од поранешниот претседател на Основниот Кривичен суд во Скопје, Владимир Панчевски, поради постоење на процесни пречки. Во образложението од Уставниот суд се вели дека со оглед на тоа што пресудата на Апелациониот суд КЖ.746/2020 од 14.07.2021 е укината од Врховниот суд на 09.02.2022 година што упатува дека постапката пред редовните судови сѐ уште не е завршена и недостига еден од основните елементи предвидени во чл.51 од Деловникот на Судот, односно постоење на правосилен акт, за да може Уставниот суд да ја цени основаноста на поднесеното…
Управата за јавни приходи информира дека завршија контролите на терен во „КАМ“ и ниту еден маркет не е затворен, ниту пак има изречено казни кон овој даночен обврзник. Дел од маркетите, продавале масло за јадење, свежо говедско месо, ориз и млеко со пресметан данок на додадена вредност што пак е спротивно на одлуката на Владата и на измените во Законот за данок на додадена вредност. – Законска обврска на УЈП е да го штити интересот на граѓаните и на државата. Во таа насока, а по пријава на граѓани и институции, УЈП започна со надворешна контрола, согласно законот за увид во…
Mакедонија во мај годинава ќе биде домаќин на повеќе од 4. 000 војници од седум НАТО земји кои ќе учествуваат во најголемата воена вежба што досега се одржала на полигонот Криволак – „Swift Response 22”. Карактеристично за оваа вежба е нејзиниот воздухопловен елемент, со користење на голем број на транспортни и борбени авиони и хеликоптери и десант на околу 1.000 падобранци. Владата на вчерашната седница одобри влегување и престој на странски вооружени сили во земјава на повеќе од 850 воени и цивилни моторни возила, 8 авиони, 24 хеликоптери, 5 беспилотни летала, вооружување, муниција, опрема и материјално-технички средства на вооружените сили…
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, ја отвори парламентарната расправа за предлог измените на Изборниот законик, со кои се предлага Македонија да биде една изборна единица, со пропорционален изборен модел, без изборен праг и со Донтов начин на пресметка на бројот на пратеници. Расправата почна по една година од поднесувањето на предлог законот, за кој има огромен интерес од јавноста и поддршка од над 60% од граѓаните. Во расправата учествуваа голем број пратеници, меѓу кои и предлагачот на законот, Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз: „Со измените на изборните правила ќе се демократизира државата, ќе…
Претседателот на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Петар Колев бара и Бугарите во Македонија да бидат вклучени во преговарачкиот процес со Бугарија. „Гарантирање во Уставот на рамноправност на македонските Бугари, но и нејзино спроведување во реалноста е клучот кон решавање на отворените прашања. Убеден сум дека таков чекор ќе ја врати довербата, ќе даде нов импулс на односите. Тоа ќе ја отвори и можноста за вклучување на Бугарите во македонскиот државен систем, нивно претставништво во институциите на системот, зошто да не и нивно вклучување во преговарачкиот процес од македонска страна. Кој подобро би можел од македонските Бугари да ја убеди Софија…
Измените и дополнувањата на Изборниот законик со кој се предвидува воведување на една изборна единица, поднесени од пратеници од помалите парламентарни партии утре се на седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во прво читање, но засега нема консензус за нивното усвојување. Иницијатори на Предлог законот се Павле Трајанов, Димитар Апасиев, Боби Мојсоски, Љупчо Балкоски, Панчо Минов, Моника Зајкова, Борислав Крмов, Маја Морачанин, Мирослав Богдановски. Пратеникот Павле Трајанов од Демократски сојуз смета дека процесот на услогласување долго траел речиси една година и очекува Предлог законот да помине на Комисијата, бидејќи текстот е целосно поддржан од ВМРО-ДПМНЕ,…
За да се заштити јавноста од ширење непотребна вознемиреност во однос на можноста за купување ефективни странски пари ‒ евра, покрај засилената супервизорска контрола на менувачниците, Народната банка воведува уште еден дополнителен заштитен механизам на менувачкиот пазар. „Со измени и дополнувања на Одлуката за менувачки работи, усвоени од Советот на Народната банка, се овозможува овластените менувачници, при евентуален недостиг на ефективни странски пари – евра, да се снабдуваат од банките, преку склучување договор со банката. Сепак, да нагласиме и дека според последните расположливи податоци менувачниците располагаат со девизи. Покрај тоа, за да се спречат какви било шпекулации околу девизниот курс,…
Државната изборна комисија на денешната седница ја запре постапката за избор на градоначалник на Општина Маврово Ростуше, откако минатата недела кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски ја повлече кандидатурата, бидејќи нема противкандидат. Државната изборна комисија донесе одлука да ја запре постапката оти нема потврдени листи за избор на градоначалник за Општина Маврово Ростуше, по решението за распишување избори од 4 февруари оваа година. ДИК побара писмено да биде известен претседателот на Собранието, надлежен за распишување на избори. Минатата недела, кандидатот на СДСМ Куртовски информираше дека нема потреба од дополнителни трошоци во време на криза за избори што можат повторно да бидат…
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Прилеп. Осомничената 37-годишна жителка на Прилеп, како што известија од обвинителство во својство на службено лице – советник во Државниот инспекторат за земјоделие – Подрачна единица Прилеп, на 16 март директно побарала парични средства од оштетениот раководител во подружница на земјоделска аптека во селото Кривогаштани за да не изврши службено дејствие што би морала да го изврши. – При вршење инспекциски надзор во објектот…