Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над 1.000 падобранци ќе извршат вежбовен десант на Криволак

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 23, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 23, 2022 13:10

Mакедонија во мај годинава ќе биде домаќин на повеќе од 4. 000 војници од седум НАТО земји кои ќе учествуваат во најголемата воена вежба што досега се одржала на полигонот Криволак – „Swift Response 22”.

Карактеристично за оваа вежба е нејзиниот воздухопловен елемент, со користење на голем број на транспортни и борбени авиони и хеликоптери и  десант на околу 1.000 падобранци.

Владата на вчерашната седница одобри влегување и престој на странски вооружени сили во земјава на повеќе од 850 воени и цивилни моторни возила, 8 авиони, 24 хеликоптери, 5 беспилотни летала, вооружување, муниција, опрема и материјално-технички средства на вооружените сили на странските држави.

– Претстојната вежба „SWIFT RESPONSE – 2022” ќе биде досега најголема меѓународна вежба во Република Северна  Македонија и единствена од осамостојувањето на државата во која ке се реализираат воздушни десанти од ваков обем, со учество на повеќе од 1.000 падобрански скокови, вели потполковник Тони Јаневски, началник на Канцеларија за односи со јавност и портпарол на Генералштабот на Армијата за Нова ТВ.

Активностите на вежбата освен на Криволак ќе се изведуваат во касарната „Страшо Пинџур“ – Петровец и на Пепелиште.

На Криволак, кој се смета за  еден од поголемите и подобри воени полигони, не само во регионот, туку и во Европа годинава ќе бидат изведени дури 7 меѓународни вежби, со учество на дури 5.200 припадници на повеќе сојузнички армии. На најголемата меѓу нив ќе има претставници и од армиите на САД, Обединетото Кралство, Италија, Франција, Грција, Црна Гора, Албанија.

– Вежбата „Swift Response 22”  е во рамки на кампањата на вежби на НАТО  „DEFENDER EUROPE 22“ кои се изведуваат секоја година на тлото на Европа и се во организација на командата на вооружените сили на САД за Европа “USAREUR-AF”, вели Јаневски.

Планирачкиот процес на оваа вежба, објаснува Јаневски, е почнат на почетокот на минатата година и досега се реализирани повеќе планирачки конференции од кои една за воздушни операции се рализира и во нашата држава.

– Армијата на Република Северна Македонија учествува со свои претставници од самиот почеток на планирачкиот процес при што во досегашниот период се преземаат сите потребни мерки и активности од страна на Министерството за одбрана за непречено спроведување на сите подготвителни активности, како и за непречена реализација на вежбата. Вежбата ќе има особено значење за нашата Армија во однос на споделување на знаења, способности и вештини, како и  заради зголемување на интероперабилноста во изведување на овој вид на операции помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и сојузничките вооружени сили, вели Јаневски.

Вежбата ќе се одржи во периодот од 10 до 16 мај  година, а подготвителниот период пред вежбата и после вежбата ќе почне од 27 март и ќе трае до 31.05.2022 година.

ФОТО: Robert Fellingham/U.S. Army)+ Архива

Стојанка Митреска

 

 

воена вежба десант Криволак
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.