Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинети осуммина диви копачи и трговци со македонско културно наследство

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
ОЈО
ОЈО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 25, 2022 15:33

Обвинителството поднесе обвинение против осуммина диви копачи и трговци со македонско културно наследство кои во периодот од 21 мај 2020 година до 30 септември 2021 година вршеле незаконски активности.

Обвинетите Д.Р. и К.Т. создале група со цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна, а како припадници на групата станале обвинетите Б.К, Н.Л., З.Т., С.К., П.М. и Ѓ.П. за чие извршување групата станала функционална целина.

-Обвинетите преземале дејствија за остварување на целите на групата – стекнување противправна имотна корист од неовластена од надлежен орган, продажба на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости на купувачи од РС Македонија и странство, велат од Обвинителството.

Добрата биле пронаоѓани со неовластено истражување и ископување на регистрирани и нерегистрирани археолошки локалитети и тоа Вртекица – скопско, Сливица, Герман – скопско, Белица – Македонски Брод, Македонски Брод– кичевско, Долно Јаболчиште – Велес, Мочурлива вода, Чатал камен, Туњ, Чиндиро Кале, Медов Дол, Градиште – Црно Езеро, Ломница, Ченгово Кале, Бајрамова Круша, Ивањевци, Ивени, Болдовенци, Журтче- крушевско, Ловор, Лутики, Добрушево, Лопатица и други археолошки локалитети низ целата територија на нашата држава.

Испитувањата се вршеле без дозвола од надлежен орган, со употреба на сонди, метал детектори и дронови, а за ориентација биле користени сателитски снимки, карти и рачно пишани текстови и преданија. Потоа со употреба на хилти, копачи, и други градежни алатки и градежна механизација се вршеле археолошки ископувања и минеролошко петрографски истражувања.
-Пронајдените артефакти – добра под привремена заштита и природни реткости, обвинетите ги присвојувале и иако знаеле дека потекнуваат од извршено кривично дело ги прикривале на непознати безбедни локации или во своите домови, велат од ОЈО.

Во меѓувреме стапувале во контакт со Н.Н. припадници на групата по потекло од Р.Грција, Р,Турција, Р.Албанија, Р. Хрватска, Р.Србија и САД на кои како заинтересирани купувачи добрата им ги продавале за договорен износ. Купувачите добрата под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, без дозвола од надлежен орган, ги изнесувале надвор од границите на РСМакедонија, со што е нанесена трајна штета на археолошкото, историското, музејското и уметничкото истражување на надлежните државни и научни институции.

Со дејствијата опишани во диспозитивот на Обвинителниот акт сите лица се обвинети дека сториле кривично дело злосторничко здружување од чл.394. На Д.Р., К.Т., Н.Л.,З.Т.,С.К,П.М. и Ѓ.П им се става на товар и кривичното дело Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од чл.264 ст.2 од КЗ, додека Д.Р., К.Т., Б.К. и Н.Л. се обвинети и за кривично дело – Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од чл.266 ст.2 вв со ст.1 од КЗ. Обвинетите Д.Р. и Б.К. сториле и кривично дело – Прикривање од чл.261 ст.3 вв со ст.1 и ст.2 од КЗ.

Со Обвинителниот акт предметниот обвинител му предложи на судот спрема обвинетите да ги продолжи претходно изречените мерки притвор и куќен притвор.​

диви копачи македонско културно наследство трговци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.