Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Mitreska
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски и проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Марјан Ѓуровски, професор на Факултетот за безбедност-Скопје остварија работна средба на која се разговарало за имплементација на Меморандум за соработка меѓу двете институции. Како што соопштија од Универзитетот „Св.Климент Охридски“, била истакната заедничка заложба и интерес за унапредување на соработката во областа на едукацијата и обуката на кадри. Дел од најдобрите студенти од областа на безбедносните науки на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ и другите Универзитети се вработуваат во Агенцијата за национална безбедност, заеднички констатирале на средбата директорот Димовски и проректорот Ѓуровски. Во изминатата година најмалку пет…
Канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа изјави дека полицијата и сите нивоа на власт се подготвуваат да преземат акција против камионџиите, кои со денови протестираат против мерките за ограничување на коронавирусот и прописите за вакцинација, јави ДПА. Демонстрантите мора да се откажат од блокадите или да се соочат со тешки последици за какви било незаконски активности – последици кои вклучуваат можност за кривично гонење и големи финансиски казни, рече Трудо, пренесен од националната телевизија Си-Би-Си. Трудо додаде дека федералната влада веќе нема да ги толерира активистите кои ја „земаат економијата во заложништво и го запираат животот во главниот град на нацијата.…
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека дека поради планирана системска интервенција – надградба на електронските услуги кои ги нуди претпријатието, како и телефонската комуникација кон Дежурно-информативниот центар ќе бидат во прекин со почеток од 14 до 17 часот. „За сите потребни информации корисниците ќе можат да се обратат на контакт телефонот 072 304 269, кој ќе биде во функција во овој временски интервал“, информираат од јавното претпријатие.
Викендов следува период на променливо облачно и малку посвежо време со локален слаб дожд претежно во источните делови, а на планините слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег на планините. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени, што значи дека истите ќе бидат без поголеми промени.
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен акт против две физички и едно правно лице за кривично дело – бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик. „Обвинетите, татко и ќерка, државјани на Република Косово, како и правното лице во кое управител била ќерката, во периодот од 10.07.2021 до 20.09.2021 година, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, започнале да градат осум бунгалови во селото Леуново, општина Маврово и Ростуше. Објектите – цврста градба, на околу 200-300 метри од езерото, биле евидентирани при извршена контрола од градежен инспектор, при што инвеститорите добиле наредба да запрат со градежните активности. И покрај…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска го прими заменик-министерот за надворешни работи задолжен за економска дипломатија на Република Грција, Костас Фрагојанис, кој е во дводневна работна посета на нашата земја. На средбата беше изразено взаемното задоволство за односите меѓу двете земји кои континуирано се развиваат и издигнуваат на ниво на стратешко партнерство, како придобивка од Преспанскиот договор. Премиерот Ковачевски истакна дека двете земји сега се фокусирани на унапредување на економската соработка во која посебно место заземаат заедничките проекти во енергетиката како што сe изградбата на интерконекторот за гасно поврзување и инвестицијата на Република Северна Македонија во…
Обвинителката Лиле Стефанова на денешното рочиште за предметот „Титаник” по признанието на вина на дел од обвинетите, пред судот ги претстави олеснителните и отежителните околности и посочи на ублажување и условување на казните. Посочувајќи дека го почитува признанието на вина на обвинетиот Мартин Протуѓер, Стефанова побара да му биде изречена намалена и условна казна поради повеќе олеснителни околности меѓу кои тоа дека се работи за татко на три деца, невработен, со влошена здравствена состојба. За обвинетиот Миле Јанакиески, кој, исто така, ја призна вината, таа побара од судот да ги цени олеснителните околности и да изрече ублажена казна. Ублажување на…
Поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ Мартин Протуѓер, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и уште пет други обвинети преземаа одговорност во дел од обвиненијата во случајот „Титаник“ и признаа вина на новиот почеток на судењето. Станува збор за судски процес кој се однесува на обвинение за сторени кривични дела поврзани со изборни нерегуларности, а кој почнува од почеток поради смена на поротник. На новото отпочнување на главната расправа Мартин Протуѓер изјавил дека по однос на дел од обвинението презема одговорност од морален аспект, а поранешната министерка Гордана Јанкулоска која издржува затворска казна исто така признала вина. Таа, во својот исказ пред судот рекла…
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието поднесе Предлог закон за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка со кој се предвидува зголемување на пензиите за 20%, од месец април 2022 година. – Имајќи ја во предвид појавата на пораст на цените на одделни производи и електричната енергија кои се од витално значење за пензионерите како потребата од подобрување на животниот стандарт, сметаме дека треба да се обезбеди зголемување на старосната пензија, но и на сите останати видови пензии. Секој пензионер има право да живее пристојно, со доволно средства да ги подмири основните трошоци за храна, греење,…
Средната оценка на квалитетот на дебатата во Собранието од јануари до јули 2021 година е 5,4, што означува пад на квалитетот на дискусијата споредено со периодот јануари – јуни 2021, за коj оценката за квалитетот на дебатата беше 5,6. Ова го покажува Извештајот од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јули – декември 2021) на авторките Влора Речица и Александра Јовевска Ѓорѓевиќ, а издавач е Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје. Во овој период поактивни со вклучување во дискусиите биле пратениците од опозицијата, кои учествувале во 62 отсто од набљудуваните дискусии, додека пратениците од власта учествувале во 38…
Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Радовишп на дваесеттиот километар. Според првичните информации несреќата е со жртва. Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова за МИА ја потврди информацијата и вели дека станува збор за возач на едно од возилата, кои учествувале во несреќата. Според информациите од терен, дошло до судир меѓу возило со радовишки регистарски таблички и скопско товарно возило, кои се движеле во спротивен правец. Во несреќата најверојатно има и повредени лица. Во тек е увидот, а несреќата во Полициската станица Штип е пријавена во 14.39 часот. Експресниот пат Штип-Радовиш во моментов е затворен за сообраќај, а…
Пресуда од четири месеци затвор за професорот, кој во декември минатата година со метален боксирач нападна ученик во струшкото средно училиште „Ибрахим Темо“, донесе денеска Основниот суд во Струга. Судот го прогласи за виновен за сторено кривично дело „насилство“, а во изречената казна, ќе му биде пресметан и периодот поминат во притвор, до правосилноста на пресудата. Неговиот адвокат Сеад Мена најави жалба, со тврдење дека доказите не се објективно оценети. На единственото судско рочиште, кое се одржа пред една недела, сега осудениот професор Ерол Спахо, кажа дека на случајот му претходел вербална расправија со негова колешка, мајка на повредениот ученик.…