Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Падна квалитетот на дебатата во Собранието: Во 6 месеци само една седница за пратенички прашања, пет пратенички најактивни

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 11, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 11, 2022 11:29

Средната оценка на квалитетот на дебатата во Собранието од јануари до јули 2021 година е 5,4, што означува пад на квалитетот на дискусијата споредено со периодот јануари – јуни 2021, за коj оценката за квалитетот на дебатата беше 5,6.

Ова го покажува Извештајот од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јули – декември 2021) на авторките Влора Речица и Александра Јовевска Ѓорѓевиќ, а издавач е Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје.

Во овој период поактивни со вклучување во дискусиите биле пратениците од опозицијата, кои учествувале во 62 отсто од набљудуваните дискусии, додека пратениците од власта учествувале во 38 отсто. Најчесто за збор се јавувале и најдолго на пратеничката говорница се задржувале пратениците Бојан Стојаноски и Панчо Минов. Меѓу најактивните 10 пратеници, пет се пратенички: Гордана Сиљјановска Давкова, Жаклина Лазаревска, Марија Георгиевска, Лидија Петкоска и Бети Стаменкоска Трајкоска, односно една пратеничка повеќе споредено со претходниот период (јануари – јуни 2021).

Забележително е, како што се наведува, и тоа што во овој период учеството на жените во дискусијата се задржува на 43 отсто, исто како и во јануари – јуни 2021, што претставува највисоко учество во споредба со сите претходни периоди на набљудување. Извештајот бележи слично ниво на интеракција и размена на ставови меѓу учесниците во дискусијата со претходниот период на набљудување (јануари – јуни 2021). Во набљудувачкиот период,
се одржа само една седница на пратенички прашања, од шест кои се предвидени во Деловникот на Собранието.

Во однос на аргументацијата на дискусиите, генерално се забележува влошување, во споредба со претходниот период на набљудување (јануари – јуни 2021). Во 52 отсто од анализираните дискусии, учесниците немаа аргументи, додека во 41 отсто од анализираните дискусии имаа слаба аргументација, односно говорниците понудија образложение на своите позиции кое не е доволно да се смета за еден целосен аргумент.

Еден или повеќе аргументи се забележани во 7 отсто од дискусијата.
Во однос на тоа како пратениците одговараат на упатени аргументи од страна на други пратеници, набљудувањето забележува дека во само отсто од нивните излагања, пратениците соодветно ги адресирале аргументите, односно пратеникот/пратеничката директно одговорил/а на аргументи кои претходно му ги упатил друг учесник на седницата.

Во 21 отсто од дискусијата аргументите на другите пратеници беа целосно игнорирани. Во 42 отсто од случаите немаше упатени аргументи или прашања од други пратеници што посочува на ниско ниво на дискусија, генерално.

Во овој период на известување, во набљудуваните дискусии е забележана промена на став кај 9 пратеници поради подобри аргументи на соговорниците за точката на дневен ред.

– Суштински е пратениците да се надоградат со стручност и разбирање за влијанието на законите врз животот на различни групи граѓани, пратениците проактивно да користат алатки што им стојат на располагање за зајакнување на капацитетите за разгледување и дебатирање по закони, меѓу кои и обуките што ги нуди Програмата за парламентарна поддршка (ПСП) и суштински е Собранието да воведе календар на седници, што би овозможило повеќе време за спремање на пратениците за точките на дневен ред, се посочува во Извештајот.

Надзорната улога на Собранието во периодот јули – декември 2021 година остана во втор план. Во овој период се одржа само една седница на пратенички прашања, со што се ограничуваше можноста на Собранието за контрола и надзор на извршната власт, додека надзорна седница не се одржа ниту една.

дебата пратеници Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.