Author: НОВА ТВ Mitreska

Пред усвојување на дневниот ред на денешната 62. седница, пратениците не го прифатија предлогот на група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка да се донесе предлог законот за изменување на Законот за владата, со кој се предвидува укинување на „прижинската влада“. За предлогот гласаа 32 пратеници, 55 против, а немаше воздржани, по што претседателот на Собранието Талат Џафери констатира дека предлогот не е усвоен. Пратениците со 47 гласа „за“, 33 „против“ и без воздржани го усвоија Предлог-законот за изменување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка, поднесен од: Петар Ристески, Зоранчо Јованчев, Силвана Ангелевска,…

Read More

Има голем интерес кај граѓаните за користење на мерката за финансиска поддршка за покривање на дел од сметките за електрична енергија за домаќинствата со ниски примања. Бројот на пристигнати барања во архивата на Министерството за економија, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 6.500, а согласно предвидените буџетски средства за оваа намена која изнесува 60.000 денари, со финансиска поддршка можат да се стекнат околу 7.000 домаќинства, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тој рече дека очекува денеска и утре до архивата на Министерството за економија да пристигнат уште околу 200 барања од барателите, кои заклучно со вчерашниот ден, преку пошта ги…

Read More

Ана Андреева од денеска ќе биде одговорна за комуникациите и односите со јавност во Владата, на позицијата Секретар за комуникации и јавни политики во рамки на Канцеларијата на претседателот на Владата на Северна Македонија. Андреева ја презема оваа функција од досегашниот Национален координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец, кој ги водеше владините комуникации во периодот од август 2017 до денес. Ана Андреева има долгогодишно професионално искуство на извршни менаџерски позиции во сферата на комуникациите во маркетинг агенциите и во граѓанскиот сектор.

Read More

Меѓународниот Аеродром Скопје повторно се стекна со признание од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI – Airports Council International World) во иницијативата наречена „Гласот на клиентот“, со која се препознаваат и им се оддава признание на аеродромите што вложиле и покажале значајни напори во собирање повратни информации од патниците преку програмата за Квалитет на аеродромските услуги. Според информациите од ACI, скопскиот аеродром е еден од преку 200 аеродрома на светско ниво што даваат приоритет на слушање на клиентите за време на пандемијата и што се стекнаа со ова признание. Меѓународниот Аеродром Скопје припаѓа во група од 86 аеродроми во регионот на…

Read More

Светските медиуми денес објавија информација дека доделувањето на сетот медали за екипното натпреварување во уметничко лизгање е одложено поради проблеми со допинг тестот на 15-годишната руска шампионка Камила Валиева. Валиева беше дел од руската репрезентација на екипниот натпревар на Олимпијадата во Пекинг пред два дена и стана првата уметничка лизгачка во историјата која изведе четирискок. Според „Inside the Games“, ситуацијата е под истрага и доколку Валиева биде прогласена за виновна за прекршување на анти-допинг правилата, нејзината казна можеби нема да биде толку строга поради нејзината возраст. Женскиот турнир на Олимпијадата во Пекинг започнува на 15 февруари и за него е…

Read More

Состојбата со тековните и планираните реформски чекори во судството, заштитата на основните човекови права, вклучително и слободата на медиумите, како и борбата против корупцијата и организираниот криминал, биле теми на разговор на денешната средба на министерот за правда Никола Тупанчески со шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир. Тупанчески, како што соопшти Министерството за правда, ги презентираше и следните чекори и приоритети на ова Министерство во однос на владеењето на правото, почнувајќи со функционален преглед на правосудниот сектор, зајакнувањето на капацитетите на правосудниот систем, борбата против организираниот криминал и корупцијата, најавувајќи подготовка на нова Стратегија за реформа во…

Read More

Демократската унија за интеграција го поздравува постигнатиот договор меѓу Сојузот на Синдикати на Северна Македонија и работодавачите за зголемување на минималната плата од 15.140 денари на 18. 000 денари, со која ќе бидат опфатени околу 80. 000 работници од различни сектори на пазарот на трудот во нашата земја. „Сметаме дека усвојувањето на оваа економска мерка, која ќе почне да се применува на почетокот на април, е соодветен одговор за подобрување на животниот стандард на граѓаните во време на светска економска криза и поттикнуваме продолжување на овој пат на унапредување на економскиот стандард преку натамошно зголемување на платите. Да потсетиме дека…

Read More

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска се обрати на отворањето на тркалезната маса на тема „Економска интеграција на Северна Македонија во рамки на Западен Балкан и перцепцијата на извозно ориентираните компании за иницијативата Отворен Балкан“. Премиерот Ковачевски во своето обраќање на настанот, на кој беа презентирани резултатите од истражувањето „Перцепцијата на извозно ориентираните компании во Северна Македонија за Иницијативата Отворен Балкан“, што го реализираа тинк-тенк организацијата Аналитика и Фондацијата Отворено Општество Македонија, истакна дека анализата нуди сеопфатна слика за состојбата на регионалната соработка во регионот од аспект на четирите слободи и тоа – слободно движење на стоки, услуги, лица и…

Read More

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја врачи употребната дозвола за новиот производствен погон на американската компанија Леар и Нормак инвестмент груп во Технолошко – индустриската развојна зона во Тетово. Инвестицијата на новиот втор циклус изнесува 15 милиони евра за производниот погон  изграден на површина од 8.000 м2. Со оваа инвестиција се отвораат нови 1.000 до 1.500 работни места. – Се реализира уште една значајна инвестиција во Северна Македонија. Девет месеци откако бевме тука на поставувањето на камен темелникот за заедничката инвестиција на вториот циклус на Нормак инвестмент груп и американската компанија Леар, денеска имам чест на менаџментот на компанијата да…

Read More

Извозно ориентираните претпријатија во Македонија во големо мнозинство, 96,4% ја поздравуваат иницијативата „Отворен Балкан“ и во неа препознаваат потенцијал кој ќе овозможи раст на нивните компании. Ова е резулатат од истражувањето на тинк тенкот „Аналитика“ за перцепцијата на извозно ориентираните компании за иницијативата „Отворен Балкан“. Прашани за споредба меѓу актуелната иницијатива ЦЕФТА за регионална соработка со „Отворен Балкан“, бизнисмените велат дека ЦЕФТА е добра, но не и доволна затоа што истата не овозможува целосно отворени граници и очекуваат дека „Отворен Балкан“ ќе го либерализира целосно протокот на границите и во голема мера ќе ја намали потребната документација која компаниите треба…

Read More

Бугарскиот премиер, Кирил Петков денеска дојде во Обвинителството на распит за имињата што ги спомна на средба со главниот обвинител Иван Гешев минатата недела. Петков истакна дека има список со 19 имиња, од кои дел веќе прочитал на брифинг. – Тоа се имиња кои се информации од јавен карактер, имиња кои добро ги знаете, изјави тој. – На списокот нема фирми, само поединци. Обвинителството пред неколку дена соопшти дека на средба премиерот посочил имиња и прекари на лица кои според него се основа на криминалот во таа држава и против кои не се преземени потребни дејствија за да се бара…

Read More

Во текот на вчерашниот ден во две големи акции на МВР за сузбивање на шверц со дрога, на две различни локации во државата, на подрачјата на СВР Струмица и на СВР Битола – ОВР Ресен, запленивме 1 тон и 600 кг наркотична дрога во вредност од 3 милиони и 200 илјади евра, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Првата акција била реализирана од страна на полициски службеници од СВР Струмица заедно со Единицата за недозволена трговија со дрога при Бирото за јавна безбедност во содејство со членови на Комисијата за оценување на исполнетост на условите во однос на простор,…

Read More