Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна со работа новиот погон на Леар и Нормак во ТИРЗ Тетово, инвестиција од 15 милиони евра и 1.500 вработувања

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 9, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 9, 2022 13:19

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја врачи употребната дозвола за новиот производствен погон на американската компанија Леар и Нормак инвестмент груп во Технолошко – индустриската развојна зона во Тетово. Инвестицијата на новиот втор циклус изнесува 15 милиони евра за производниот погон  изграден на површина од 8.000 м2. Со оваа инвестиција се отвораат нови 1.000 до 1.500 работни места.

– Се реализира уште една значајна инвестиција во Северна Македонија. Девет месеци откако бевме тука на поставувањето на камен темелникот за заедничката инвестиција на вториот циклус на Нормак инвестмент груп и американската компанија Леар, денеска имам чест на менаџментот на компанијата да ја предадам употребната дозвола за новиот производствен погон. Ваквите големи инвестиции се поддржани од државата и инвеститорите имаат поволности и низа олеснувања во повеќе фази на процесот на инвестирањето, изјави министерот Бектеши.

Според него, ваквите инвестиции даваат голем придонес за локалниот економски развој, пред се, во делот на вработувања, развој на човечкиот капитал, а влијаат позитивно на извозот од овој регион пред се, бидејќи се креираат производи со поголема додадена вредност.

–Доказ за тоа се и позитивните резултати од работењето, посебно во време на криза предизвикана од пандемијата, Леар успеа да го зголеми извозот за 10 отсто во 2021 година, по растот на извозот од 15 отсто во 2020 година, рече Бектеши.

Александар Зарков, генерален директор на Нормак Инвестмент Груп рече дека значајне е поддршката на Министерството за економија на Технолошко – индустриската развојна зона во Тетово и на Нормак инвестмент груп.

– Како резултат на успешната приказна, која ја градиме со Леар и останатите инвеститори во ТИРЗ Тетово минатата година споредено со 2020 година бележиме раст на извозот од 16 проценти, а споредено со 2019 година растот на извозот од оваа зона е 25 отсто, истакна Зарков.

Генералниот директор на Леар, Вања Стојановски истакна дека оваа инвестиција ќе значи раст на компанијата и зголемен извоз на странските пазари.

 

Американската компанија „Леар Корпорејшн“ изработува навлаки за седишта за автомобили и електрични дистрибутивни системи. Вкупната инвестиција на компанијата во ТИРЗ Тетово изнесува 35 милиони евра.

Во првиот производствен погон што се простира на површина од 12.000 м2, а почна со работа во 2016 година се инвестирани 20 милиони евра и беа отворени 2.000 вработувања.

Вања Стојановски Крешник Бектеши Министерот за економија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.