Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тупанчески го запозна амбасадорот Гир со реформската агенда во правосудството

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 9, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 9, 2022 15:23

Состојбата со тековните и планираните реформски чекори во судството, заштитата на основните човекови права, вклучително и слободата на медиумите, како и борбата против корупцијата и организираниот криминал, биле теми на разговор на денешната средба на министерот за правда Никола Тупанчески со шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир.

Тупанчески, како што соопшти Министерството за правда, ги презентираше и следните чекори и приоритети на ова Министерство во однос на владеењето на правото, почнувајќи со функционален преглед на правосудниот сектор, зајакнувањето на капацитетите на правосудниот систем, борбата против организираниот криминал и корупцијата, најавувајќи подготовка на нова Стратегија за реформа во правосудниот систем 2023-2027.

-Свесни сме дека новата методологија дополнително ја нагласува важноста на реформите на владеењето на правото за процесот на пристапување и подготвени сме да продолжиме со важни чекори на тој пат, рече министерот Тупанчески.

Шефот на делегацијата на ЕУ, Гир го потврди напредокот во Извештајот на Европската Комисија за земјава и потенцираше дека сме на добар пат во постигнување на целта за градење на професионално и независно судство.

Гир ја истакна важноста на спроведените активности во изминатиот период  во полето на подобрување на нормативно-правната рамка, но и дека мора да се посветиме на обезбедување на квалитетна имплементација на овие закони, со цел гарантирање на независно и ефикасно судство, како и промена на перцепцијата кај граѓаните за македонскиот правосуден систем.

Делегацијата на ЕУ предводена од евроамбасадорот Гир ги поздрави реформските чекори и ја истакна максималната поддршка за евроинтеграцискиот процес, продолжување на соработката и обезбедување помош за спроведување на клучната реформска агенда, стои во соопштението.

Дејвид Гир министер за правда реформи судство тупанчевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.