Author: НОВА ТВ Mitreska

  СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи, останува посветена на надминување на последиците од енергетската криза и заштита на економскиот стандард на граѓаните. Активирани се сите капацитети за производство на електрична енергија, за да се спречи увозот на скапа струја, вели Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ. – Во буџетот за 2022 година веќе има предвидени 130 милиони евра кои ќе бидат наменети за антикризни мерки за помош на граѓаните и на стопанството. Овој износ дополнително ќе се зголемува доколку се јави таква потреба. Во овој период се креираат конкретни мерки за помош кои ќе се реализираат во текот…

Read More

Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. Како што информира АМСМ,  забраната за сообраќај е воведена во 9.30 часот

Read More

Откако Петар Георгиевски – Камиказа призна дека добил 14.000 евра за озвучување на прославата на новогодишната ноќ на плоштадот, на ред е Данела Арсовска да излезе пред граѓаните и да даде одговори. Кој му платил на Георгиевски за озвучувањето? По кој основ на фирмата на Георгиевски и биле исплатени 14.000 евра?, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје. – Градот Скопје вчера официјално соопшти дека парите се платени директно на изведувачите и дека изведувачите, озвучувањето и осветлувањето не биле ангажирани од градот. Како е можно друго правно лице да организира дочек на нова…

Read More

Буџетот за 2022 година е проектиран на постојниот даночен систем и не се предвидени нови даноци или даночни оптоварувања за граѓаните, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Не е предвидено зголемување на даноците, ниту за покривање на енергетската криза затоа што, како што истакна Бесими, во Буџетот се обезбедени околу 130 милиони евра за оваа намена, односно 10 милиони евра кои ќе и бидат префрлени на ЕСМ за докапитализација, 30 милиони евра кои ЕСМ или друга енергетска компанија може да ги искористи од програмата за зелен развој, како и дополнителни 90 милиони евра од програмата за антиковид или други…

Read More

В.д. директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје Иван Илиевски денеска извести дека новата цена на метанот која на светските берзи порасна на 110 денари ќе се одрази врз работењето на претпријатието. Како што рече тој тој на денешниот брифинг, цената на метанот на 31.12.2021 година беше 50 денари за килограм, а новата цена е 110 денари. Со ова, разликата ќе биде околу милион евра дополнителен трошок за јавното претпријатие. – Ако лани се потрошиле со цената од 31.12., 55 милиони денари за метан, во 2022 ако се задржи нивото на метанот 110 денари, ако не оди погоре, ќе биде околу…

Read More

Директорката на Упавата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска како шпекулација ги оценува тврдењата дека ќе се укине прекотот Мој ДДВ и посочува дека преку оваа мерка досега им се вратени повеќе од три милијарди денари на околу 350 илјади корисници. – Сметам дека Мој ДДВ е еден од поуспешните проекти. Длабински го работевме и чекор по чекор го унапредувавме и ќе продолжиме да го унапредуваме. Заеднички ќе ги утврдиме сите проекции дали ќе има простор за зголемување на лимитот за поврат на средствата и навремено ќе ја информираме јавноста. Досега имаме околу 350 илјади корисници на мерката Мој ДДВ…

Read More

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил објави предизвик за граѓаните. Тој пишува дека куќните совети кои ќе ги уредуваат и одржуваат зелените површини кои се во нивна сопственост како станари имаат можност за убави награди. „Најдобро одржуваните дворни места на зградите во текот на годината, односно прво место како куќен совет ќе освојат 200.000 денари. Второ место ќе бидат наградени со 100.000 денари и трето место со 50.000 денари. За тоа ќе биде формирана посебна комисија од општината која ќе оценува“, пишува Костадинов.

Read More

Одлуката е на мандатарот на кој кандидат ќе му ја даде довербата да биде идниот министер или министерка за одбрана, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која одговарајќи на новинарско прашање наведе дека според нејзините информации за тоа се уште не е одлучено. Според неа, постои една црвена линија која не треба да се минува, а тоа е да се сугерира кои би биле следните кандидати што би можеле да дојдат на ова место. – Ова е задача на мандатарот. Јас ги пренесов моите размислувања дека се работи навистина за чувствителен сектор, сектор во кој не важат само домашните…

Read More

Полициски службеници од станицата за граничен премин и граничен надзор Ново Село денеска извршиле контрола во две товарни возила, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од с.Мала Речица, соопштија од МВР и посочија дека при контролата било утврдено дека возилата не поседуваат уредна документација, односно лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен сообраќај се фалсификувани. – Од претставник на Државниот инспекторат за патен сообраќај при Министерството за транспорт и врски возилата биле исклучени од сообраќај и им биле одземени сообраќајните дозволи. Додека, пак полициски службеници од СВР Струмица ги одзеле лиценците и изводите за…

Read More

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе обвинителен предлог против три лица кои се товарат дека како соизвршители се обиделе да извршат кривично дело – тешка кражба од член 236 став 1 точка1 во врска со член 19 и член 22 од Кривичниот законик. Двајца 30-годишници и едно лице на возраст од 32 години, сите од Куманово, заедно и по претходен договор, ноќта помеѓу 9 и 10 октомври, на градските гробишта во Куманово, се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Со помош на рачен алат, лопати и ашов ја тргнале мермерната плоча со која бил покриен…

Read More

Трите партии – партнери на Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов во бугарската владејачка коалиција – Промената продолжува (ПП), Бугарската социјалистичка партија (БСП) и Демократска Бугарија (ДБ) се оградија од неговиот став во кој стартот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ го поврза со укинувањето на визите за влез на бугарските граѓани во САД и прием на Бугарија во Шенген зоната. Како што јави БГНЕС, координаторот на пратеничката група на Промената продолжува (ПП) во бугарското Собрание, Андреј Ѓуров истакна дека Бугарија има јасен став и стратегија за односите со земјава. – Имаме стратегија како да ги водиме разговорите…

Read More

Имам верба во новиот мандатар Димитар Ковачевски, сметам дека заслужува да му се помогне, бидејќи се нафаќа на тешка работа во тежок период после сите овие случувања воопшто генерално и глобално и кога и во државата проблемите се бројни, истакна членот на ИО на СДСМ Андреј Петров во утринската програма на телевизија Телма. Тој нагласи дека секој што сака нешто да придонесе, а има капацитет тоа да го направи треба да се вклучи, додавајќи дека и Димитар Ковачевски има желба за единство, да ги збие редовите во партијата. Ковачевски има една нова енергија и фокус кон внатрешните проблеми во државата,…

Read More