Откако Петар Георгиевски – Камиказа призна дека добил 14.000 евра за озвучување на прославата на новогодишната ноќ на плоштадот, на ред е Данела Арсовска да излезе пред граѓаните и да даде одговори. Кој му платил на Георгиевски за озвучувањето? По кој основ на фирмата на Георгиевски и биле исплатени 14.000 евра?, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

– Градот Скопје вчера официјално соопшти дека парите се платени директно на изведувачите и дека изведувачите, озвучувањето и осветлувањето не биле ангажирани од градот. Како е можно друго правно лице да организира дочек на нова Година во име на град Скопје и врз која основа? Кој може во име на градот да плаќа кон фирми кои биле ангажирани за прославата? Дали парите на сите учесници се платени во кеш?, вели Јанчева.

Според советничката ова е скандал кој може да биде основа за корупција.Особено ако нстапот на Георгиевски претходно бил договорен.
– Очигледно дека коалицијата меѓу Левица и ВМРО-ДПМНЕ функционира и на локално ниво и освен што е деструктивна, таа сега прераснува во кеш коалиција меѓу двете партии. Арсовска да излезе пред граѓаните и да ги даде сите одговори, наместо да се крие зад штури соопштенија од Град Скопје, се вели во реакцијата на СДСМ.