Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Mitreska
Француските власти го отстранија знамето на ЕУ од Триумфалната капија во Париз, откако десничарите го обвинија претседателот Емануел Макрон дека го „бришел“ францускиот идентитет, јавуват француските медиуми. Големото знаме на ЕУ ја замени француската национална тробојка на новогодишната ноќ за да го означи почетокот на француското претседателство со ЕУ во следните шест месеци. Триумфалната капија под која се наоѓа гробот на непознат херој, како и другите париски знаменитости како Ајфеловата кула и Пантеонот исто така се осветлени со сина европска боја и жолти ѕвезди. Но, десничарските ривали на Макрон тоа го гледаат како навреда за ветераните и националното наследство.„Да, претседателство…
Голем пожар беснее во зградата на парламентот во јужноафриканскиот град Кејптаун. Огромен пламен излегува од покривот на законодавниот дом и облак од црн чад се крева кон небото. Десетици пожарникари се борат со огнот. Сè уште не е јасно што го предизвикало пожарот кој избувна само неколку часа по државниот погреб на архиепископот Дезмонд Туту во катедралата Свети Џорџ, во близина на парламентот. Покривот е запален, а гори и делот од зградата каде е сместено Народното собрание, соопштија градските власти. Fire at Parliament in Cape Town as seen from Table Mountain pic.twitter.com/AS4djLJa1N — Rowan Spazzoli (@rspazzoli) January 2, 2022
Во Дубровник денес е соборен јануарскиот температурен рекорд, пишува хрватски Индекс. Според податоците на Државниот хидрометеоролошки завод, денеска во 14 часот нивната станица во Горица измерила температура од 19,3 степени Целзиусови. Ова е највисоката температура која денеска е измерена во Хрватска во 14 часот, а воедно и највисоката јануарска температура во Дубровник од почетокот на мерењата па многу капачи можеле да се видат на плажа.
Хрватската планинска спасувачка служба соопшти дека утрово е завршена една од најтешките спасувачки операции кои ги организирала и дека е спасен повреден планинар кој се лизнал низ падина од 150 метри на највисокиот врв на Велебит (Вагански врв). Во акцијата учествувале 27 спасувачи од Госпиќ, Задар, Сплит и Истра. Повредениот планинар се наоѓал на многу непристапен терен, а акцијата за спасување траела речиси девет часа. Спасувачите објавија и детал на Фејсбук кој ги воодушеви сите. Имено, заедно со планинарот се лизнало и неговото куче. Тоа не било повредено и се свиткало покрај планинарот, греејќи го со своето тело цели 13…
Децата од Пехчево добија новогодишното изнедадување од aвстриските пожарникари, кои изминатото лето учествуваа во гаснењето на пожарите во Малешевијата. Испраќајки им подароци и пакетчиња, пожарникарите од Австрија на најмалите пехчевци им ја честитаа Новата година упатувајки им пораки, со желби никогаш да не се повтори она што се случи летово кога изгореа илјадници хектари шума во Пехчевско и Беровско. – Тоа се луѓе со огромни души, луѓе спремни да се жртвуваат, хумани луѓе, херои на денешницата. Со испраќањето на овие подароци пожарникарите покажуваат дека пријателствата кои ги стекнаа ќе траат вечно. Им благодариме за се, истакна по тој повод пехчевецот…
Педесет и петгодишен ловџија од Кочани утрово е тешко повреден при истрел од ловечка пушка на негов колега. Инцидентот се случил во атарот на селото Јастребник на падините на Осоговските Планини, а ловџијата се здобил со прострелна рана во пределот на стомакот. – Наша интервентна екипа учествуваше во извлекувањето на повредениот од стрмниот и тешко пристапен терен на кој ловел. Со сериозна повреда на левата страна од слабинскиот дел го предадовме на итната медицинска помош, која го транспортираше до болницата во Кочани, истакна Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица. Од Одделението за внатрешни работи информирата дека ловецот кој пукал во…
Во Велика Британија од последниот пресек се регистрирани 162.572 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата. Претходниот рекорд беше поставен во петокот, кога беа регистрирани 160.276 новозаразени лица. Бројот на заразени во Англија е во пораст петти ден по ред, пишува „Гардијан“. Во изминатите 24 часа од ковид-19 починале 154 лица. Бројките за Велс, Шкотска и Северна Ирска ќе бидат објавени по новогодишните празници.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 4.072 тестирања, а регистрирани се 246 нови случаи на КОВИД-19. Скопје – 145, Струмица – 16, Прилеп – 14, Штип, Охрид и Битола – по 12, Кавадарци – 10, Неготино – 4, Струга, Гевгелија и Куманово – по 3, Велес и Ресен – по 2, Кичево, Гостивар, Валандово, Радовиш, Тетово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1. Регистрирани сe 547 оздравени пациенти од: Скопје – 299, Битола – 47, Прилеп – 39, Струмица – 19, Кавадарци и Охрид – по 18, Куманово и Велес – по 15,…
Со брза и навремена реакција на Владата предводена од СДСМ, спречен е ценовен шок за граѓаните и драстично зголемување на цената на струјата, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ на прес конференција. – Мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија, придонесе цената на струјата да биде покачена за само 9,48% што е далеку под првичните прогнози од над 25%. Притоа евтината ноќна тарифа на струјата како и евтината тарифа во недела ќе се задржат, а дополнителни рекстрикции нема да има. Дека цената на електричната енергија е глобален проблем потврдуваат и покачувањата на цената на струјата во многу…
Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева празниците ги минува дома со своето семејство, објави „А1он“. Адвокатката Ирена Фрчковска, како што пишува порталот, изјавила дека Јанева, користи привилегии поради тоа што одлежала 1/3 од казната затвор за случајот „Рекет“ во кој беше осудена на седум години затвор поради злоупотреба на службената положба и овластување. Во „Рекет“ осудени беа и Бојан Јовановски-Боки13 на казна затвор од девет години и Зоран Милевски-Кичеец на казна затвор од три години.
Францускиот ракометар Елохим Пранди (23), кој е меѓу повиканите репрезентативци во националниот тим за настап на претстојното ЕУРО2022, е избоден со нож на новогодишната ноќ, но е вон животна опасност, објави неговиот клуб ПСЖ. – Елохим Пранди беше жртва на насилен напад во Париз во текот на новогодишната ноќ. Нанесени му се неколку убодни рани со нож. Играчот во моментов е во болница и неговата состојба не предизвикува загриженост, се наведува во клупското соопштение. Левокрилниот ракометар има десет настапи за францускиот тим и беше сигурен патник на Европското првенство што ќе се одржи од 13 до 30 јануари во Унгарија и Словачка, а го пропушти првиот дел од подготовките поради позитивен тест…
Десетте најбогати луѓе во светот стекнале уште 402 милијарди долари во 2021 година, покажуваат податоците на Блумберг. Најмногу заработил Илон Маск. Годината ја започна со 156 и ја заврши со 277 милијарди долари на сметката, според индексот на милијардери на Блумберг. Основачот на Tesla и SpaceX неодамна соопшти дека ќе плати повеќе од 11 милијарди долари данок. Зад него е Џеф Безос, сопственикот на Амазон, кој во 2022 година влезе со 190 милијарди долари. Тоа е „само“ 4,5 милијарди повеќе од минатата година. Сопственикот на Фејсбук, Марк Закерберг минатата година заработи 25 милијарди долари, а сега има 128 милијарди долари. Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, минатата година ја…