Во Дубровник денес е соборен јануарскиот температурен рекорд, пишува хрватски Индекс.

Според податоците на Државниот хидрометеоролошки завод, денеска во 14 часот нивната станица во Горица измерила температура од 19,3 степени Целзиусови.

Ова е највисоката температура која денеска е измерена во Хрватска во 14 часот, а воедно и највисоката јануарска температура во Дубровник од почетокот на мерењата па многу капачи можеле да се видат на плажа.