Голем пожар беснее во зградата на парламентот во јужноафриканскиот град Кејптаун. Огромен пламен излегува од покривот на законодавниот дом и облак од црн чад се крева кон небото.

Десетици пожарникари се борат со огнот. Сè уште не е јасно што го предизвикало пожарот кој избувна само неколку часа по државниот погреб на архиепископот Дезмонд Туту во катедралата Свети Џорџ, во близина на парламентот.

Покривот е запален, а гори и делот од зградата каде е сместено Народното собрание, соопштија градските власти.