Author: НОВА ТВ Mitreska

Нуклеарната фузија е процес што се случува секој час на Сонцето и другите ѕвезди, а британските научници планираат да ја донесат оваа огромна моќ како извор на енергија во 2022 година за еден чекор поблиску до употреба на нашата планета, пишува Би-Би-Си. Британија планира и други алтернативни извори на енергија за домаќинствата и во таа смисла владата ќе им понуди субвенции на граѓаните за да се откажат од греењето на енергенси кои ја загадуваат животната средина. Со фузија се произведува многу енергија само од мала количина на гориво и не произведува јаглерод диоксид, но за да се предизвика оваа реакција и да се одржи, потребни се екстремни температури и притисоци. Научниците и инженерите се борат со овој проблем…

Read More

 Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски, Новата година ја дочекаа со работниците во комбинатот.  Ковачевски и Матевски им ја честитаа Новата година и им се заблагодарија на вработените што секојдневно го даваат својот придонес во справувањето со енергетската криза во земјава. Како што соопштуваат, повеќе јаглен, повеќе струја, подобри резултати се цели и на работниците и на менаџментот на АД ЕСМ и РЕК Битола. – Вработените велат дека не паметат кога последен пат во минатото директори на АД ЕСМ и на РЕК Битола ја поминале новогодишната ноќ заедно со нив. Ги споделија…

Read More

Бугарија од денеска го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива за период од една година, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата на својата веб-страница. Како што јави дописникот на МИА од Софија, приоритетите на бугарското претседателство се поврзани со социо-економските последици од Ковид-19, подобрувањето на поврзаноста, младите и соработката меѓу локалните власти. За реализација на приоритетите во 2022 година ќе се одржат настани на високо и експертско ниво, како и средби на шефови на влади и министри за надворешни работи на земјите членки. Централноевропската иницијатива е основана во Будимпешта во 1989 година, а седиштето е во Трст. Вклучува 18 земји-членки со…

Read More

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска го посети првороденото бебе во Скопје во 2022 година, кое се роди по природен пат, на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство. За родилката Сузана Стошиќ, Михаил е четврто дете. Арсовска ја посети и Симона Петровски, која на свет ја донесе Теодора, само една минута подоцна, две минути по полноќ. На двете родилки и нивните семејства Град Скопје им посакува здравје и среќа во годините кои претстојат, заедно да се радуваат на успесите на своите деца.

Read More

По претходно добиена судска наредба, вчера извршен е претрес во домот на М.М.(47), од струшкото село Лабуништа. Како што соопшти МВР, притоа, полициските службеници од ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа 4.400 парчиња пиротехнички средства – петарди што неовластено ги поседувал. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за здравство Венко Филипче и државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Калинка Габер, денеска положи цвеќе на гробот на претседателот Киро Глигоров. Денеска се навршуваат 10 години од смртта на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров кој на 8 септември 1991 година, после успешниот референдум ја прогласи независноста на државата. Претседателот Глигоров беше првиот македонски претседател кој се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации на 8 април 1993 кога Република Македонија стана 181 членка на ОН. https://www.youtube.com/watch?v=s4kC5UVufqo

Read More

По повод десетгодишнината од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ во состав Миле Зечевиќ, генерален секретар, Ана Данева Маркова членка на ИО на СДСМ и Марија Иванова, потпретседателка на СДММ, денеска оддаде почит и положи цвеќе на неговото вечното почивалиште. „СДСМ и сите граѓани со особена почит се сеќаваат и ги вреднуваат државните достигнувањата на претседателот Глигоров кој го отвори европскиот пат на земјата. Заложбите на претседателот Глигоров за напредок на државата, неговите државнички политики, изградија значајни пријателства, отворија соработка и создадоа заедништво внатре и во светот, со што јасно ја постави насоката…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје, положи свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, по повод 10 – годишнината од неговата смрт. Киро Глигоров ќе остане запаметен како активен учесник во најважните процеси за политичко осамостојување на нашата држава. Со своите лидерски способности, умереност, мудрост и дипломатија даде исклучителен придонес за меѓународно признавање и етаблирање на земјата и го отвори патот за исполнување на стратешките цели. https://www.youtube.com/watch?v=YTB4wlJ0qq0

Read More

Во Виена во тек е традиционалниот Новогодишен концерт пред многу помалку публика, а не присуствува ниту австрискиот канцелар Карл Нехамер. – Оваа тешка ситуација поради пандемијата бара многу од сите нас, па мислам дека моето доаѓање ќе испрати погрешен сигнал, напиша Нехамер на Фејсбук во четвртокот, додавајќи дека концертот ќе го следи на телевизија. И покрај помалиот број луѓе кои ќе го слушаат концертот во живо, диригентот Даниел Баренбоим пред настанот рече дека е среќен што настанот нема да се одржи пред празен аудиториум. Тој рече дека сака да ги потсети луѓето на важноста на музиката. – Се надевам дека тоа ќе…

Read More

На територијата на државата новогодишната ноќ помина мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. За време на новогодишната ноќ регистрирано е намалување на бројот на кривичните дела на територијата на цела држава, приведени се вкупно 12 лица, а регистрирани се 18 прекршоци на јавниот ред и мир, од кои најголем дел физички напади и физички пресметки, информира МВР. Во текот на новогодишната ноќ се случиле седум сообраќајни незгоди, од кои најголемиот број со материјална штета, при што не се регистрирани жртви. „На подрачјето на СВР Скопје бележиме намалување на бројот на кривичните дела за разлика од минатата година,…

Read More

Замислено во 1970-тите со намера да ги олесни трговските трансакции и да се натпреварува со доларот, еврото физички влезе на пазарот на 1 јануари 2002 година, кога првите 12 земји од ЕУ кои почнаа да го користат мораа да ја напуштат сопствената валута. Пред 20 години почнаа да се користат банкнотите и монетите на еврото. Пред 20 години, луѓето во еврозоната за првпат држеа евро банкноти и монети во своите раце. Оттогаш, еврото стана дел од нашиот идентитет и култура. Тоа гради мостови меѓу Европејците, напиша денеска Европската централна банка (ЕЦБ) на својот портал. Вкупно 12 земји од ЕУ го усвоија еврото како своја валута на 1 јануари 2002 година,…

Read More

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов во новогодишната ноќ ги посети дежурните служби, но и штитениците од Заводот за заштита и рехабилитација во Банско и тие што живеат во мали групни домови. – И додека најголемиот дел од граѓаните новогодишната ноќ ја поминуваат во кругот на семејството и пријателите, дел се на своите работни места и се грижат најдолгата и највеселата ноќ во годината да ни биде мирна и безбедна. Ги посетив дежурните служби во Територијалната професионална противпожарна единица, Итната медицинска помош и Службата за стоматолошка здравствена заштита при ЈЗУ „Здравствен дом Струмица“, Невропсихијатриската служба при ЈЗУ „Општа болница Струмица“, СВР…

Read More