Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коронавирусот ја преполови и публиката на новогодишниот концерт во Виена, 700 луѓе со билети останаа да чекаат

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 1, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 1, 2022 13:45

Во Виена во тек е традиционалниот Новогодишен концерт пред многу помалку публика, а не присуствува ниту австрискиот канцелар Карл Нехамер.

– Оваа тешка ситуација поради пандемијата бара многу од сите нас, па мислам дека моето доаѓање ќе испрати погрешен сигнал, напиша Нехамер на Фејсбук во четвртокот, додавајќи дека концертот ќе го следи на телевизија.

И покрај помалиот број луѓе кои ќе го слушаат концертот во живо, диригентот Даниел Баренбоим пред настанот рече дека е среќен што настанот нема да се одржи пред празен аудиториум. Тој рече дека сака да ги потсети луѓето на важноста на музиката.

– Се надевам дека тоа ќе инспирира некои политичари ширум светот навистина да размислуваат за важноста на духовната потреба на населението за музика, рече тој во средата.

Маестрото, кој има 79 години, по трет пат диригира со Виенската филхармонија, по концертите во 2009 и 2014 година. Концертот се емитува во 92 земји.

Минатата година диригент беше Рикардо Мути, а Филхармонијата изведуваше полки и валцери пред празна сала.

Бројот на гледачи годинава е ограничен на илјада луѓе во последен момент, поради што 700 кои имаат билет нема да можат да го слушаат концертот. За нив ќе биде резервирано место за настапот следната година.

Според најновите правила во Австрија, на настани со повеќе од илјада гости можат да присуствуваат само оние кои примиле „бустер“ доза од вакцината.

Виена концерт Нова година
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.