Author: НОВА ТВ Mitreska

Министерот за здравство Венко Филипче, утрово ја посети Клиниката за гинекологија и акушерство и информира за првороденото бебе во Скопје, но и за примени пациенти на Токсикологија, како и на инфективното одделение. – Најпрво да ви ја честитам новата 2022 година, на сите граѓани, со желба да биде успешна. Првото бебе родено годинава е машко, четврто на семејството Стошиќ. Посакувам да биде здраво, успешно бебе. Родено е во првата минута, а потоа во втората минута по полноќ се роди уште едно женско бебе. Првото е спонатно, а второ е родено две минути со царски рез, е женско, и е прво…

Read More

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 48 санкции, 19 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 20 санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се 11 мерки за непрописно паркирање, четири мерки за минување на црвено светло, три мерки за некористење сигурносен појас, четири мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за возач почетник, седум мерки за нерегистрирани возила. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје и информира за првото родено бебе во 2022, но и за другите настани за време на новогодишната прослава.

Read More

Познатата американска актерка Бети Вајт почина доцна вчера на 100-годишна возраст, пренесува „Њујорк пост“. Позната по многуте филмски и сериски остварувања, меѓу кои и серијата „Златни девојки“, во осумдесеттите стана културна икона, а на 17 јануари требаше да го прослави 100-тиот роденден. Извор од полицијата за ТМЗ потврдил дека актерката починала во својата куќа. Пред неколку недели беше најавено објавувањето на филмот за нејзиниот живот наречен Betty White: 100 Years Young – A Birthday Celebration, во режија на Стив Бетхер и Мајк Триклајн. Дали филмот ќе биде прикажан на 17 јануари, кога актерката требаше да го прослави 100-тиот роденден, се…

Read More

Во текот на новогодишната ноќ на Универзитетската Клиника за токсикологија  Скопје се регистрирани 17 алкохолни интоксикации, од кои седум кај малолетници од 14 до 17 години, информираат за МИА, од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Токсикологија – Скопје. Како што посочија од клиниката, 10 пациенти биле машки, а седум женски лица. По амбулантскиот третман ја напушиле клиниката. Во пресрет на празниците од Службата за Итна медицинска помош и Универзитетската клиника за токсикологија упатија апел за умерено консумирање храна и алкохолни пијалоци, за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, но и хронично болните редовно да ја земаат терапијата

Read More

Дванаесетгодишно момче загина, а уште едно дете е тешко повредено при огномет на истокот на Холандија, соопшти полицијата, додавајќи дека несреќата се случила и покрај забраната за употреба на пиротехнички средства. Несреќата се случила бидејќи децата гледале како возрасен со домашна направа испалува петарда за огномет. Полицијата на Твитер соопшти дека 12-годишно момче починало, додека уште едно е тешко повредено и пренесено во болница. Полицијата додаде дека уапсила и едно лице. Холанѓаните на новогодишната ноќ обично организираат огномет на улиците или градините, што е популарна практика, но често завршува со повреди. Холандската влада во ноември објави дека втора година по…

Read More

 Екипата на Лос Анџелес лејкерс, предводена од извонредниот Леброн Џејмс, рано утрово го совлада тимот на Портланд со 139:106. На натпреварот одигран во Лос Анџелес, најефикасен кошаркар беше Џејмс со 43 поени и 14 скока. Така, 37-годишниот Американец постави личен рекорд во тековната сезона во НБА-лигата. Исто така, Леброн ја зголеми својата серија на натпревари во кои постигна 30+ поени на седум натпревари. По овој триумф, Лејкерс со биланс (18-19 победи-порази) се наоѓаат на 8. место во Западната конференција.

Read More

Пленарната сала на Собранието е опремена со нова технологија и е целосно дигитализирана. Тој систем ќе биде промовиран по Нова година и се надевам дека изборот на нова влада ќе се одржи во пленарната сала, а не во салата Купола, вели во интервју за МИА претседателот на Собранието Талат Џафери. – Штотуку се завршени работите во пленарната сала за нејзино опремување со техничка опрема. Таа е сега завршена. По празниците треба да следи фаза на тестирање на системот, кој што треба да дава материјал за е-Парламент и за веб-страницата. Така што, целосно тој систем ќе биде пуштен и промовиран по…

Read More

Франција денеска од Словенија го презема шестмесечното претседавање со Европската Унија. Официјален Париз најавува дека своето претседавање ќе го фокусира на прашањата за суверенитетот и градењето нов модел на економски раст, а како региони од посебно стратешко значење ги издвојува Западен Балкан, Африка и Индо-Пацификот. Во својот говор по повод претстојното француско претседателство со Советот на ЕУ во првата половина на 2022 година, претседателот на Франција, Емануел Макрон, ја најави политиката на „повторно ангажирање и инвестирање“ на ЕУ во Западен Балкан и оцени дека политичката и економската работа во регионот, е работа на суверенитетот на цела Европа. „Западен Балкан е…

Read More

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров. Претседателот на државата Стево Пендаровски и делегација на Собранието на Градските гробишта – Бутел денеска ќе положат цвеќе на гробот на  Глигоров, по повод 10 – годишнината од неговото упокојување. Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст. Беше најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот. Во…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста, особено во североисточните делови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 12 до 18 степени. Во Скопје, сончево со мала, а попладне умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следните три дена ќе биде сончево со мала до умерена…

Read More

Првото бебе во 2022 година на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се роди во 1 часот. – Бебето е од машки пол, тешко е 3 килограми и 70 грама и е долго 50 сантиметри. Мајка на бебето е Сузана Стошиќ, родена 1981 година во Скопје и тоа е нејзино петто дете, информираат од Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Read More