Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 48 санкции, 19 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 20 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се 11 мерки за непрописно паркирање, четири мерки за минување на црвено светло, три мерки за некористење сигурносен појас, четири мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за возач почетник, седум мерки за нерегистрирани возила.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порача МВР.