Министерот за здравство Венко Филипче, утрово ја посети Клиниката за гинекологија и акушерство и информира за првороденото бебе во Скопје, но и за примени пациенти на Токсикологија, како и на инфективното одделение.

– Најпрво да ви ја честитам новата 2022 година, на сите граѓани, со желба да биде успешна. Првото бебе родено годинава е машко, четврто на семејството Стошиќ. Посакувам да биде здраво, успешно бебе. Родено е во првата минута, а потоа во втората минута по полноќ се роди уште едно женско бебе. Првото е спонатно, а второ е родено две минути со царски рез, е женско, и е прво бебе на мајката Симона Петровска. Има уште едно бебе кое утрово се роди во ковид центарот, мајкта е позитивна. И мајката и бебето се добри, рече Филипче.

На Kлиниката за токсикологија примени се 17 пациенти, 11 се примени поради алкохолизираност, после соодветниот третман сите се добри, додаде министерот.

Во Службата за итна медицинска помош имало околу 50 повици, главно поради алкохолизирана состојба и еден повик поради тешка сообраќајна несреќа.

Во инфективното одделение биле примени 60 пациенти, околу 40 се со кислородна поддршка.