Author: НОВА ТВ Mitreska

Нови униформи, намалување на инкриминациите, зголемување на откриена корупција, целосно реконструирани 69 полициски објекти, спречување на недозволената трговија со дрога во кои активности  се пресечени 16 меѓународни транспорти на марихуана и хашиш, во вкупен износ од околу 1.600 килограми дрога се дел од спроведените активности на Министерството за внатрешни работи за кои денеска информираше министерот Оливер Спасовски на предновогодишната средба со новинарите. Тој, безбедносната состојба во текот на целата 2021 година на подрачјето на државава ја оцени како стабилна и без регистрирани сериозни безбедносни настани. Спасовски нагласи дека во периодот јануари-ноември 2021година, од регистрирани околу 20 илјади кривични дела, реализирани…

Read More

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски за неполни два месеца, откако стапна на челната позиција се соочува со обвинувања за непотизам и партизација на администрацијата, но и со барања на граѓаните за истрага од Антикорупциската комисија. Советниците од СДСМ во неколку наврати објавија податоци за вработувања не само на, како што велат партиски војници, туки и на брачни двојки, вдомени во општината. Стефковски кога седна во градоначалничкото столче сакајќи да покаже дека новата локална власт домаќински ќе ги троши парите на граѓаните се откажа од користење на службено возило, како и од трошење на средствата во буџетот наменети за…

Read More

Апелацискиот суд направи проценка на сите околности по опасност од бегство и Кривичниот совет требаше да го спроведе решението за нашиот клиент да излезе. Во овој момент имаме гаранција која е спроведена и не можеме да ја избришеме, а имаме неправосилно решение на Основниот суд, но нашиот клиент е во затвор и се брои решението на Основен суд – нешто што го нема ниту во африканска земја, изјави на денешната прес-конференција бранителот на поранешнито директор на УБК, Сашо Мијалков, адвокатот Звонко Давидовиќ. Решението на Апелациониот суд, посочи Давидовиќ, е правосилно, за разлка на тоа од Основниот суд и со ваквкото…

Read More

Апелацискиот суд го објави денеска решението со кое му го укина притворот на Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК и му определи поблаги мерки на претпазливост со понудена гаранција во вредност од над 11 милиони евра. Судиите и наложуваат на Агенцијата за катастар на недвижности да се стави по хипотека имотот со кој Мијалков гарантира дека ќе биде достапен на судот и тоа станови, деловни објекти, хотелски апартмани, бензинска станица и земјиште. По жалбата на Мијалков, како што пишува во решението, одлучувал трочлен совет составен од судите Тања Милева, претседателка на советот, Енвер Беџети и Ѓоко Ристов, членови на советот.…

Read More

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.511 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на ковид-19. Скопје – 181, Прилеп и Битола – по 25, Охрид – 14, Куманово и Струмица – по  8, Велес и Кавадарци – по 7, Кичево – 6, Кочани, Ресен, Валандово и Демир Капија – по 5, Штип – 4, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Делчево, Виница, Крушево и Македонски Брод – по 2, Тетово, Гостивар, Струга, Свети Николе, Богданци и Демир Хисар – по 1. Регистрирани сe 311 оздравени пациенти од: Скопје – 143,…

Read More

Тетовската полиција информира дека е приведен 46-годишник поради пријава за агресивно однесување во Клиничката болница во Тетово. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.- Дваесетина минути по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 46-годишниот Џ.Б. од тетовски Порој, кој претходно се однесувал агресивно на Детското одделение во тетовската Клиничка болница, им се заканувал на вработените, се обидел физички да ја нападне лекарката и ја оштетил влезната врата од амбулантата, информира СВР Тетово.Во друг случај, за агресивно однесување кон полицајци околу 2 часот…

Read More

АД ЕСМ воведе мерки на штедење за да ги намали трошоците во услови на енергетска криза, соопштија денеска од компанијата. Како што се наведува во соопштението, мерките се насочени во правец на намалување на непродуктивните трошоци и реализација на производниот процес со вложување што помалку материјални и човечки ресурси. „Од тие причини, во тек е постапка на утврдување на работни места кои не се неопходни за производството на електрична енергија во одреден временски период. Извршителите на утврдените работни места ќе бидат упатени на принуден одмор не подолг од три месеци, согласно согласно Законот за работни односи, со исплата на 70%…

Read More

Портпаролката на Европската комисија Ана Писонеро изјави дека ЕУ го поздравува фактот што учесниците во иницијативата „Отворен Балкан“ се посветени на промовирање поголема регионална интеграција. Во изјавата за Репортери, Писонеро посочи дека најголемите регионални придобивки ќе произлезат од учеството, како што рече, на „сите шест земји од Западен Балкан“ во таа иницијатива. Таа рече дека регионалните интеграции, кои се засноваат на правилата на Европската унија, носат само придобивки за Западен Балкан, поради што ЕУ е многу заинтересирана за регионална соработка, пренесува Косово онлајн. Според Писонеро, лидерите на Западен Балкан мора да постигнат напредок во спроведувањето на Заедничкиот регионален пазар, воспоставен…

Read More

Поранешниот амбасадор во Лондон, Ѓорѓи Спасов смета дека проектот „Отворен Балкан“ е од извонредна корист за земјите учеснички во него, наспроти противењето на проектот од страна на трите земји од Западен Балкан Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора. – Тоа е проект за европеизација на секоја од нив и може само да го забрза нивното вклучување во ЕУ. Важно е дека тој е отворен и за другите земји. Тоа што тие во овој момент не се подготвени да го прифатат е резултат на нерешени политички проблеми меѓу Србија, Косово, БиХ и Црна Гора. Проектот не го спречува решавањето на…

Read More

Комисиите за економија и за инфраструктура што ги предлага бугарскиот премиер Кирил Петков се важни за да се унапреди економската соработка, оценува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во предновогодишното интервју за МИА. – Склон сум да кажувам дека соработката треба да доаѓа на природен начин, но кога тоа не е  возможно, тогаш мора да креираш одредени тела кои мора да дадат јасна зададена агенда. Ние искрено се обидуваме да покажеме дека сме отворени за соработка, не само со Република Бугарија, туку и со секоја соседна земја, затоа што силно веруваме во принципот на регионална конкурентност. Колку повеќе соработуваме, толку…

Read More

 Сите релевантни и независни укажувања сугерираат дека омикрон е со многу поблаги симптоми и шансите да завршите во болница се околу 80% помали, од моментално доминантната делта варијанта во Македонија, пишува д-р Нико Беќаровски, во својот најнов став на фејсбук профилот. Тој смета дека нема простор за страв од сојот омикрон. – А зошто се крева толкава прашина и се влева страв? Ако во моментов ние имаме околу 500 новозаразени дневно, кои нашиот здравствен систем успешно ги апсорбира, тоа би значело дека од омикрон варијантата, здравствениот систем успешно би апсорбирал и до 4.000 новозаразени, бидејќи заболените воглавно би лежеле дома,…

Read More

Градоначалничката на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска со полна пареа тргна во груба партизација на јавните установи и Јавните претпријатија под надлежност на Градот, реагира владејачката СДСМ.  „Независната“ Данела Арсовска предлага лица од режимот да бидат поставени на клучни позиции. За член на јавната установа Младински културен центар предложена е Јелена Жугиќ, која со години беше дел од режимот и која бараше кон граѓаните да се пука со гумени куршуми. Предлог листите за членовите на Управните и Надзорните одбори на јавните установи и јавните претпријатија во Град Скопје се полни со партиски докажани кадри на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во…

Read More