Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Комисиите со Бугарија се важни, клучно е железничката инфраструктура да профункционира поскоро

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 24, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 24, 2021 10:54

Комисиите за економија и за инфраструктура што ги предлага бугарскиот премиер Кирил Петков се важни за да се унапреди економската соработка, оценува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во предновогодишното интервју за МИА.

– Склон сум да кажувам дека соработката треба да доаѓа на природен начин, но кога тоа не е  возможно, тогаш мора да креираш одредени тела кои мора да дадат јасна зададена агенда. Ние искрено се обидуваме да покажеме дека сме отворени за соработка, не само со Република Бугарија, туку и со секоја соседна земја, затоа што силно веруваме во принципот на регионална конкурентност. Колку повеќе соработуваме, толку повеќе добробит за нашите граѓани, вели вицепремиерот Битиќи.

Најдобар пример за тоа, според него, е Преспанскиот договор, со кој, не само билатералните, туку и економските односи со соседна Грција, ги даваат првите резултати, како што се изградбата на интерконекторот, терминалот Александруполис и гасната електрана.

Вицепремиерот Битиќи порачува дека и за Северна Македонија и за Бугарија е важно железничката инфраструктура да профункционира час поскоро.

– Без разлика што во овој период добивме на двапати вето од Република Бугарија, ние продолживме со напорите за подобрување на патната и железничката инфраструктура кон нашиот сосед. Само што заврши тендерот и моето очекување е дека веќе во март ќе ги воведеме во работа компаниите за продолжување на железничкиот коридор кон Бугарија и некаде во јуни ќе биде објавен тендерот за третата фаза со што финално го заокружуваме Коридорот 8 кон Република Бугарија, изјави вицепремиерот.

Според проекциите, вели Битиќи, би требало да заврши до 2025 година наспроти бугарските планови кои велат дека до 2027 година би требало да биде завршена железницата.

– Комисијата треба да го усогласи тоа, затоа што ниту за Република Бугарија, ниту за нас, е добро железницата да заживее во 2027 година. Треба да седнеме и да направиме напори час поскоро тоа да го имаме. Затоа сметам дека комисиите ќе бидат битни за да ја дефинираат јасната агенда, за да ги елиминираат евентуалните законски пречки, ако ги има, за компаниите и стопанствениците да соработуваат. Од друга страна зошто да не креираме и законски можности со кои ќе се унапреди соработката на компаниите и инвестициите взаемно – бугарски инвестиции во Северна Македонија и македонски инвестиции во Бугарија, истакнува Битиќи.

 

интервју Кирил Петков Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.