Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мијалков гарантирал дека нема да избега со хипотеки на станови, земјиште, бензиска пумпа, апартмани: Апелацискиот суд го објави решението за притворот

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 24, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 24, 2021 16:14

Апелацискиот суд го објави денеска решението со кое му го укина притворот на Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК и му определи поблаги мерки на претпазливост со понудена гаранција во вредност од над 11 милиони евра.

Судиите и наложуваат на Агенцијата за катастар на недвижности да се стави по хипотека имотот со кој Мијалков гарантира дека ќе биде достапен на судот и тоа станови, деловни објекти, хотелски апартмани, бензинска станица и земјиште.

По жалбата на Мијалков, како што пишува во решението, одлучувал трочлен совет составен од судите Тања Милева, претседателка на советот, Енвер Беџети и Ѓоко Ристов, членови на советот.

По оценка на овој совет, се вели во решението, основани се жалбените наводи на обвинетиот дека првостепениот суд при донесување на обжаленото решение погрешно утврдил дека понудената гаранција не преставува вредносно обезбедување на присуството на обвинетиот во текот на постапката.

– Не е спорно дека кривичната постапка е во тек и дека се уште е потребно обезбедување на присуство на обвинетиот со цел да се спречи истиот да се даде во бегство, што преставува основ за мерката притвор, но со оглед на околностите дека идентитетот на обвинетиот е утврден и познат, има оформено потесно семејство, родител е на две деца, а во корелација со висината на определената гаранција, советот на овој суд цени дека погоре наведените околности преставуваат вредносно обезбедување за присуство на обвинетиот во понатамошниот тек на кривичната постапка, се вели во образложението на Апелацискиот суд.

Откако во јавноста беше обелоденета одлуката на апелациските судии, Кривичниот суд на барање на обвинителството му определи нов притвор на Мијалков за случајот „Плацеви на Водно“, а министерот за правда Бојан Маричиќ побара од Судскиот совет да испита по која основа судиите ја донеле одлуката за притворот.

Тој ги прозва судиите од Апелацискиот суд во Скопје Ѓоко Ристов и Енвер Беџети да `и објаснат на јавноста како ја донеле одлуката и на кој начин ќе ја преземат одговорноста ако се случи обвинетиот повторно да избега.

С.М.

 

 

Апелациски суд Мијалков притвор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.