Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Нови униформи и реновирани полициски станици, запленети големи количества дрога и помалку жртви во сообраќајки

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 27, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 27, 2021 15:19

Нови униформи, намалување на инкриминациите, зголемување на откриена корупција, целосно реконструирани 69 полициски објекти, спречување на недозволената трговија со дрога во кои активности  се пресечени 16 меѓународни транспорти на марихуана и хашиш, во вкупен износ од околу 1.600 килограми дрога се дел од спроведените активности на Министерството за внатрешни работи за кои денеска информираше министерот Оливер Спасовски на предновогодишната средба со новинарите.

Тој, безбедносната состојба во текот на целата 2021 година на подрачјето на државава ја оцени како стабилна и без регистрирани сериозни безбедносни настани. Спасовски нагласи дека во периодот јануари-ноември 2021година, од регистрирани околу 20 илјади кривични дела, реализирани се околу 12.500 дела за кои кривично се пријавени 15 илјади сторители, со што е постигната вкупна ефикасност од околу 62 процент.

Според министерот, полицијата во годинава која изминува бележи успеси и во областа на спречување на недозволената трговија со оружје, односно откриените кривични дела бележат зголемување за 23,4 отсто, а заплените на оружје, муниција и пиротехнички средства се зголемени повеќекратно.

Како резултат на засилените полициски  контроли, вели дека тенденција на намалување има и бројот на жртвите во сообраќајните несреќи, а според редовните контроли на МВР од почетокот на годинава до средината на овој месец на територија на Република Северна Македонија вкупно на технички преглед се упатени 2.354 автобуси, при што 404 од нив се санкционирани поради технички неисправности, како што се кочници, уреди за управување или дополнителна опрема.

Спасовски информираше дека забележано е намалување на илегалните преминувања во нашата држава од страна на мигрантите за 36,5 проценти, додека пак нагорен тренд забележан е на грчко-турската граница. Како резултат на ова, бројот на поднесени нови барања за азил е намален дури за 70 отсто.

Покрај покачувањето од 5 проценти на платата за полицајците, во 2022 година, министерот рече дека се обезбедени средства за бонус плата за остварени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2021 година. Тој најави и дека наредната година ќе продолжат со градежни активности, односно реконструкција на објекти и целосна изградба на полициски станици, како и набавка на лабораториска опрема за новиот објект на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, кој ќе биде готов во 2022 година. Следната година, според Спасовски, еден од хеликоптерите на МВР, меѓу другото, ќе биде опремен и за гасење пожари

Министерството за внатрешни работи Нови униформи Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.