Author: НОВА ТВ Mitreska

Димитар Ковачевски, со поддршка од 37.649 гласачи, сопартијци го зема кормилото на СДСМ во свои раце во исклучително турбулентен период и ќе мора да бие битка на четири фронта меѓу кои и во редовите на својата партија во која голем дел од членството мошне рамнодушно се постави при изборот на својот претседател, шести по ред. Не може да се занемари фактот што и покрај убедливата победа на Ковачевски против Фросина Ременски и  Јован Деспотовски во партиските гласачки кутии како порака до новото лидерство беа пуштени и дури 602 неважешки ливчиња, а на изборите излегоа 44.406 членови на една од двете…

Read More

Заев веројатно ќе му помага на Ковачевски, но не верувам дека ќе се меша во неговата работа, вели Стефан Богоев, член на ИО на СДСМ, поранешен градоначалник на Карпош, пратеник и долгогодишен претседател на младината на партијата за Утрински брифинг по вчерашниот конгрес на СДСМ. – Зоран Заев е претседател на СДСМ од 2012 година и тоа е долг период ако се земе предвид што сѐ се случуваше во тој период. Особено ако се земе предвид Вистината за Македонија, за што ретко кој би се осмелил и потоа и Шарената револуција. Тој направи голми работи кои остануваат како голем бенефит за…

Read More

Претпоставувам дека кога политичарите зборуваат за мониторинг мислат на нешто необврзувачко за нашите судови. Оттаму, не очекувам евентуалното барање од наша страна да испрати лош сигнал во Европската Унија, затоа што тие се постојано присутни во процесот на спроведување реформи во судството и нивната финансиска помош само ги потврдува очекувањата кои ги имаат однас, вели Павлина Црвенковска, претседателка на Судскиот совет за Нова ТВ по објаснувањето што го даде министерот за правда, Бојан Маричиќ во врска со барањето на политичката партија Алтернатива за меѓународна истрага на судските процеси со сомнежи за наводни политички влијанија, дека во случајов станува збор за мониторинг…

Read More

За време на пандемијата забележано е зголемување на насилство врз жената во домот, па затоа е неопходно е да има систематско собирање на податоци, односно нивно пријавување, услугите и сервисите да се спуштат на локално ниво, да се направи регионализација на институциите, да се работи во делот на подигнувањето на свеста, воспоставување на родова компонента, како во пристап на права, услуги, ресурси, еднакви плати за еднакви работни места. Ова се дел од заклучоците кои ги истакнаа панелистите на денешната панел дискусија „Истанбулската конвенција и новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените – Што ќе се промени во…

Read More

Градоначалничката Данела Арсовска преку претседавачот Трајко Славески закажа седница на Советот, без при тоа благовремено да ги покани медиумите, кои редовно ја следат работата на Советот, реагира Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје. – Ваквиот потег на Данела е невиден преседан во досегашната работа на Советот чии седници секогаш биле достапни за јавноста преку медиумите. Ова бегање од јавноста е непочитување на медиумите, но и на граѓаните чии претставници се советниците. Ако сака да сокрие Данела нешто нема да може – вели  Јанчева. Според неа, уште во првите месеци од мандатот, Арсовска покажува непочитување кон…

Read More

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.478 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19. Починати се седум лица. Скопје – 110, Кавадарци и Кочани – по 9, Гевгелија – 7, Битола – 5, Куманово, Прилеп и Охрид – по 3, Струга, Неготино, Македонски Брод и Дојран – по 2, Тетово, Гостивар, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Берово, Делчево, Виница, Богданци и Демир Хисар – по 1. Регистрирани сe 275 оздравени пациенти од: Скопје – 90, Битола – 26, Прилеп – 24, Кавадарци – 22, Берово – 18, Струмица – 13, Кочани – 11,…

Read More

Меѓународната јавност јасно става до знаење дека Заев треба да остане на функцијата, иако ја почитуваат неговата одлука. Но, најважно им е државата да е стабилна и да има сигурни институции кои даваат резултати, а тоа се овозможи со новото парламентарно мнозинство, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во гостување на ТВ24. Тој додаде дека во СДСМ има демократски процес за избор на претседател и секој член има право да одлучува. – Во недела ќе имаме избори во СДСМ, а јас јавно давам поддршка на Димитар Ковачевски, бидејќи потребно ни е единство и одговорност. Ако се обединиме за заедничка цел…

Read More

Неизвесноста во економијата останува присутна и во четвртиот квартал од годинава поради тековниот бран од пандемијата, забавувањето на темпото на имунизација и појавата на нови соеви на вирусот, како и поради притисоците од растечките цени на храната и енергијата, кои се очекува да бидат присутни и во текот на следната година, оценува „Фајнанс Тинк“ во најновиот макроекономски извештај.  „Фајнанс Тинк“ ја задржува проекцијата за растот на БДП за годинава на 4,1 проценти, а проекцијата за следната година според нив е 4 проценти. Во извештајот се анализира и растот на БДП од 3 проценти во третиот квартал од годинава. Според „Фајнанс Тинк“, ваквиот раст…

Read More

Бојан Јовановски, обвинет во судскиот предмет „Меѓународен сојуз“ на денешното рочиште со полиција беше изнесен од судница, поради непристојно однесување и кавга со судијката. Јовановски реагираше дека недостигаат материјали од неговиот телефон, кој го вештачеше МВР и дека не е виновен што тие не се презентирани, бидејќи форензичкото вештачење го добил летото. Тој ја обвини судијката Софче Гаврилова Ефремова за цензура и побара нејзино изземање од случајот од страна на в.д. претседателот Иван Џолев кого, пак, го обвини дека е корумпиран. Атмосферата во судницата се вжешти во моментот кога Јовановски рече дека бил во пријателски односи со блиска роднина на…

Read More

Корупцијата влијае на општествениот, политичкиот и економскиот развој на цели народи. И развиените и неразвиените земји се ранливи на корупција, а таа е најголема, таму каде што демократските вредности се слаби. Ова го објави заменик-претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски на неговиот фејсбук профил денеска по повод одбележувањето на 9 декември – Меѓународниот ден за борба против корупција. – Меѓународниот ден за борба против корупцијата е ден кога владите, стопанството, граѓанските организации и целото општество треба да ја потврдат својата посветеност да работат заедно за да стават крај на разорното…

Read More