Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Светлана Јовановска
Унгарскиот популистички премиер Виктор Орбан во вторникот отвори дебата за воведување на смртна казна во оваа земја. Оваа казна е тотално забранета во Европа и е еден од првите предуслови што една земја треба да ги исполни за да стане членка на ЕУ.
Хан ја повика опозицијата да се врати во Парламентот и побара да се отвори истражна комисија која ќе се занимава со кризата од политичка перспектива, но ова не смее да значи неотварање на кривичниот аспект на случајот. Има две димензии: кривичната и политичката, двете области да се решат конструктивно, вели Хан.
“Сите обвинувања треба да се истражат од страна на релевантните власти вклучително и обвинувањата за можните злоупотреби кои се објавуваат”, вели ЕУ со што бара снимките што ги објавува опозицијата да бидат истражени со почит на принципот на презумпција на невиност и независност на судските органи
Македонија na европската агенда деновиве: Премиерот ќе учествува на министерска средба за транспортни мрежи на Балканот, Советот на министри ќе усвои заклучок за Македонија а се очекува и трета рунда на преговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Eвропските министри ќе се обврзат дека ќе се навратат на оваа тема многу скоро и ќе изразат сериозна загриженост од настаните во Македонија
И оваа втора рунда разговори помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е еден вид загревање и разгледување на теренот на кој подоцна би се исцртале контури кои би воделе во вистински преговори. Најавена е и нова средба но без прецизен датум.
Министрите за надворешни работи на ЕУ идната недела ќе изразат загриженост за политичката криза која станува се подлабока и ќе побараат да се најде излез од слепата улица во која се наоѓа Македонија.
Овој чекор на Марин Ле Пен кон нејзиниот татко Жан-Мари е, според неа, заштита на политичките интереси на Националниот фронт. Таткото и ќерката беа многу блиски соработници и таа за него велеше дека е не само татко туку и нејзин ментор и заштитник.
Ципрас и Путин договорија соработка за гасоводот Турски тек помеѓу Русија и Турција а Грција би требало да биде базата од која ќе се испраќа гасот во земјите на југот и југо-истокот на Европа. Според Путин “Грција ќе добие стотици милиони евра за транзит на гасот”.
Доколку не успеат преговорите во Европскиот парламент, ЕУ може да испрати висок претставник како медијатор за надминување на политичката криза. Таа, со оглед на нејзините димензии, претставува закана за стабилноста на регионот, вели Душан Рељиќ, од германскиот Институт за надворешна и безбедносна политика, во интервју за НОВА
Поради пиратски терористички напад без преседан во светот, сите 11 канали на TV5Monde се денес во прекин. На сите екрани и интернет се појавуваше истата џихадистичка порака со хаштагот #CyberCaliphat и Je suIS IS со порака до претседателот Франсоа Оланд: “Ти направи грешка која не може да се прости”.
Контроверзна посета на Ципрас кај Путин. Москва става на знаење дека во ЕУ има влади кои бараат партнерство со Русија и покрај санкциите по анексијата на Крим, додека за Ципрас ова е пред се симболичен чекор за да се добијат поени кај домашната јавност во тешката ситуација на Грција.
Државната служба за борба против корупцијата на Романија (ДНА) влезе во битка со “меѓупартиската мафија”. Истрагата на ДНА почива на снимките на тајната служба на високи политичари. Се апсат судии, обвинители, бизнисмени и политичари од двете најголеми партии. Романија е на добар пат, вели Брисел.