Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Лекарка од судска медицина од Англија ја обвини Британската национална здравствена служба (НХС) за смртта на 14-годишната ученичка, откако беше пронајдена обесена во парк. Таа рече дека Британија не успеала и ја изневерила помладата генерација. Утврдила дека негрижата за здравствените услуги довела до трагична смрт на 14-годишен ученик. Пенелопе Шофилд планира да му пише на министерот за здравство Саџид Џавид, откако заклучи дека Робин Скилтон (14) се самоубила затоа што била разочарана од одделот за НХС задолжен за менталното здравје на младите. Таа предупреди дека постои ризик и други тинејџери да подлегнат на нивните ментални болести доколку не се преземат…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски го процени месечниот трошок на Украина за одбрана од руската инвазија на околу 5 милијарди американски долари. „Ова е војна за правото на диктирање на условите во Европа. Војна која ќе одреди како ќе изгледа идниот светски поредок“, кажа Зеленски во виртуелното обраќање до НАТО на самитот во Мадрид. Тој ги повика лидерите на НАТО на Украина да ѝ испраќаат уште повеќе оружје и пари и со санкции „да ја спречат способноста на Русија да ја финансира војната“. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес повтори дека „Украина може да смета на поддршката на Алијансата…
Американскиот претседател Џо Бајден најави ново распоредување на американски војници во Европа. „Путин го наруши мирот во Европа. САД и нивните сојузници стапуваат на сцената докажувајќи дека НАТО е понеопходен и поважен од кога било“, порача тој од Мадрид. Американскиот претседател изјави и дека САД ја менуваат позицијата на моќ во Европа врз основа на заканите што доаѓаат од Русија. Тој потврди дека САД ќе го зголемат бројот на разурнувачите во Шпанија од четири на шест, пренесува „Ројтерс“. Тој изјави дека Вашингтон ќе испрати две дополнителни ескадрили „Ф-35“ во Велика Британија и ќе го формира штабот на 5. армија во…
Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров во интервју за регионалната телевизија „Н1“ вели дека францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија е опасен преседан, кој отвора можност Софија да го блокира и уценува Скопје во текот на целиот преговарачки процес. Според Димитров, Париз дозволил билатералните прашања со Бугарија да влезат во преговарачка рамка, а спорот со Софија се однесува на македонскиот јазик, идентитет и историја. – Мислам дека тоа само нѐ оддалечува од она што треба да биде процесот – демократски и економски реформи, копенхашки критериуми. Ова што го имаме е ќорсокак – изјавил Димитров.…
Шпанската кралица Летиција беше домаќинка на Џил Бајден и на другите сопруги на лидерите-учесници на Самитот на НАТО во Мадрид на излет во историската Сеговија, објави Дејли Меил. Мејси (21) и Финеган Бајден (22), двете внуки на Џил Бајден, им се придружија на прошетката низ античкиот средновековен град. На излетот се приклучи и Готје Дестене, сопругот на луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел, кој беше првиот геј премиер во светот. Учествуваа и сопругите на лидерите на Австралија, Словенија, Турција, Белгија, меѓу нив, и нашата прва дама, Елизабета Ѓоргиевска. Групата уживаше во разгледување на градот на отворено во едно убаво, сончево утро во…
Русија објави дека ограничувањата воведени од Норвешка го оневозможуваат транспортот на стока до руските населби на арктичкиот остров Свалбард и се закани со неодредени „одмазднички мерки“ доколку Осло не го реши случајот, пренесува хрватски Индекс. Како што се наведува, Свалбард, архипелаг меѓу северниот брег на Норвешка и Северниот пол, припаѓа на Норвешка, но Русија има право да ги експлоатира природните ресурси според договорот потпишан во 1920 година, а некои делови од архипелагот се населени претежно со Руси. Норвешка, која не е членка на Европската унија, но ги применува своите санкции против Русија, рече дека санкциите нема да се однесуваат на…
Бугарската влада ја одобри изгласаната позиција во Бугарското национално собрание и францускиот предлог за Македонија. -Тоа е во согласност со одлуката на Народното собрание, според која Бугарија ќе го укине ветото за почеток на преговорите за членство во ЕУ, под услов Скопје да се обврзе да ги исполни барањата на Софија за време на тие преговори. Треба да се договори билатерален протокол меѓу Софија и Скопје. Документот е и дел од процесот на поместување на преговарачката рамка, соопштија од Советот на министри, објави „БНР“. Минатата недела тамошното Собрание со мнозинство гласови го одобри францускиот предлог за преговарачката рамка на Македонија…
Денеска во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Карпош и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(18) и еден малолетник, двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 04.06.2022 на ул.„Миле Поп Јорданов“ со употреба на електрошок од З.М. од Скопје одзеле чанта со лични документи и платежна картичка, кој ја употребиле на неколку бензински станици. При претрес во домот на М.С., извршен со судска наредба, бил пронајден електрошок и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде…
Мурал со дете кој оваа недела беше насликан на фасада на зграда во центарот на Скопје симболично ја осликува потребата на родителите и старателите да направат сѐ за да ги заштитат децатa преку нивно вакцинирање. Со муралот, УНИЦЕФ порачува дека за да ги заштитат здравјето и безбедноста на децата, родителите треба да знаат дека редовната вакцинација во детството е најбезбедниот, најлесниот и високо делотворен начин за заштита на здравјето во детството и низ целиот понатамошен живот. „Треба постојано да зборуваме за придобивките од редовната вакцинација во детството, не само за време на Неделата на имунизација. Секој родител сака да го…
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска во рамки на Самитот на НАТО кој се одржува во Мадрид беше дел од панел дискусијата: „Придонесот на НАТО за безбедноста и стабилноста во неговото соседството“ и на оваа тема дебатираше заедно со министрите за одбрана на Португалија и Бугарија, Хелена Кареирас и Драгомир Заков и Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер. Министерката Петровска во своето обраќање нагласи дека овој самит на НАТО е одлична можност да се испрати порака за единство на демократските земји во одбрана на демократијата и нејзините вредности и да се брани меѓународниот поредок врз основа на…
Во сообраќајна несреќа настрадаа двајца мигранти. Денеска (29.06.2022) во 02.20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на железничката пруга, помеѓу Железничка станица Миравци и Железничка станица Клисура, товарен воз кој сообраќал на релација Железничка станица Гевгелија – Товарна Трубарево удрил во две лица мигранти коишто лежеле на пругата. Двете лица од здобиените повреди починале на местото на несреќата. Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Гевгелија.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83% во однос на одлуката од 27.06.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,460%, кај дизелот намалување во просек за 2,480%, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,201% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,032%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95…