Author: НОВА ТВ Terziova

Носејќи ги знамињата на поранешниот Советски Сојуз со срп и чекан, илјадници луѓе протестираат во Мадрид против самитот на НАТО што ќе се одржи следната недела во главниот град на Шпанија. Демонстрантите на улиците на Мадрид денеска јасно ставија до знаење дека зголемувањето на распределбата на финансиските средства за армијата, што НАТО го бара од европските партнери, го сметаат за закана за мирот. „Мојот куфер е полн со оружје и убивање луѓе. Решението што тие го предлагаат е повеќе оружје и повеќе војни, а ние секогаш плаќаме за тоа. Значи, не НАТО и воените бази. Нека одат Американците да не…

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама, се чини не го напуштил револтот во однос на Самитот на ЕУ, бидејќи истите поплаки ги повторил и за време на посетата на Австрија. Тој изјави дека на „Балканот му е потребна ЕУ, исто толку колку што и тој и е потребен на ЕУ“ и додаде дека „ја жали Европската Унија, бидејќи во ваква жешка ситуација во Европа, среде војна, Бугарија држи во заложништво две земји членки на НАТО“. – Ова е совршено место за дискусија, некои од скалите се качуваат, а некои се спуштаат, ние сме на средина. Некои добро го разбираат, на некои други…

Read More

По синоќешното невреме кое ја зафати територијата на град Делчево, се одржа координативен состанок на Кризниот штаб на кој присуствуваа претставници на локалната самоуправа, Јавното комунално претпријатие, Територијалната противпожарна единица, Центарот за управување со кризи и МВР Делчево. На состанокот беа дефинирани понатамошните активности за справување со последиците кои ги предизвика силниот ветар и обилниот дожд, а во својата изјава, градоначалникот Горан Трајковски кој исто така беше дел од средбата изјави дека најважно е што досега не е пријавено ниту еден повредено лице како последица на силното невреме. – Делчево го зафати невреме со посериозни размери со ветришта и поголема…

Read More

Извршниот совет на најголемата партија во 47. Народно собрание на Бугарија „Продолжуваме со промената“ влегува во преговори за нова влада со ист состав на министри. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков вечерва има уште една средба на раководството на партијата, за предлог составот на новата влада на „Продолжуваме со промената“. Петков потврди дека ќе биде предложен за иден премиер. Тој не сакаше да ги коментира именувањата за поединечните министерски места, бидејќи реално, додека неговата партија нема поддршка од независни пратеници, се надева дека ќе види дали има таква шанса и затоа не сака да навлегува во…

Read More

Вимблдон, најпрестижниот тениски турнир во светот, кој започнува утре, донесе одлука без преседан. Поради руската агресија врз Украина и помошта на Белорусија на Путин се забранува настап на руски и белоруски тенисери. На ова реагираа АТП и ВТА со своја одлука, исто така преседан. Тие најавија дека поради споменатата забрана нема да ги бројат освоените бодови на Вимблдон оваа сезона. Така, легендарниот турнир ова лето ќе биде со раскошен награден фонд. Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот и шесткратен победник на Вимблдон, оваа одлука на турнирот ја нарече луда и на која губат двете страни.  Бранителот на титулата од Ол…

Read More

Прилепската полиција до Основното јавно обвинителство поднела кривична пријава против 53-годишниот ресенчанец со иницијали Н.К. поради основано сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста по чл. 143 ст 3 од КЗ и две кривични дела напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по чл. 383 од КЗ. Имено, вчера на 25 јуни осомничениот е уапсен зашто претходно со неговото возило комбе „мерцедес спринтер” се обидел да прегази комунални инспектори и полициски службеник кои вршеле службени дејства во центарот на Прилеп околу пладне. За да го запре, полицаецот пукаше во гумите од возилото. Целата ситуација беше шок за…

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи реагираше на изјавата на Александар Николоски и смета дека неговите тези сакаат да создадат етнички јаз по стратешките прашања. Османи порача дека ова е обид да се ослабне позицијата на државата и така да се обезбеди политичка предност за опозицијата. „Обично се обидувам да ги игнорирам ваквите напади, особено кога тие се на теми кои претставуваа стратешки интерес за сите граѓани, вклучувајќи ги и гласачите на опозицијата“, посочи Османи. Во продолжение целиот статус: Понекогаш, како што во неколку наврати тоа го прави г-нот Николовски, не само што се преминуваат црвените линии на пристојност, туку…

Read More

Следната недела во Велика Британија се случуваат промени кои би можеле да резултираат со доживотен затвор на возачите кои убиле некого во возило. Промените стапуваат на сила во вторник. Би-би-си пишува дека судиите ќе можат да изречат доживотни казни за опасните возачи кои убиле некого во сообраќајот и возачите кои тоа го сториле под дејство на дрога и алкохол. Максималната казна за оние кои кријат сообраќајна несреќа со смртни последици моментално е 14 години. „Одговорните сега ќе се соочат со можноста да живеат зад решетки“, изјави британскиот министер за правда Доминик Рааб. Според новиот закон тешко кривично дело е нанесувањето…

Read More

Сеизмолошкиот завод на Србија регистрираше уште еден земјотрес на подрачје на Крагуевац, но овој пат со јачина од 1,8 степени според Рихтеровата скала. Во претходните 10 дена во Србија беа забележани дури пет земјотреси. Овие денови се тресеше регионот, па четири земјотреси беа забележани и во Хвар, а најсилниот беше силен 2,9 степени според Рихтер.

Read More

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи вчера информира дека спорниот елемент во францускиот предлог, не е ставен во документот како финално решение. -Ставен е во заграда, што значи дека тоа не е конечен предлог на Париз. Не можам да кажам дека документот не го прифативме. Ние не го прифативме тој дел кој што е спорен за нас. Не можевме да се договориме со Бугарија, иако јас мислам дека многу лесно тоа може да се реши доколку има политичка волја, Кога е потпишан Договорот за добрососедство во 2017, Османи истакна дека предвидено е Комисија меѓу двете влади да направи пресек што…

Read More

Неколку часа по полноќ на локалниот пат од Чачак кон селото Јанчиќи се случила страшна сообраќајна несреќа во која според првите информации од терен животот го загубиле четворица млади момчиња. – Најверојатно се враќале од забава и возачот изгубил контрола над автомобилот и излетал од патот. Сите загинаа. Ова е вистинска трагедија, тоа се само млади. Сите беа на 18 или 19 години, изјави за медиумите еден од жителите на селото Јанчиќи, кој утрово се нашол во близина на местото каде што излетале младите.

Read More

Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков за „Гардијан“ пред гласањто за недоверба на неговата владa изјави дека неговата коалиција се соочува со два проблема: коруптивни интереси и проруско влијание во Бугарија, за кои рече дека „ги здружиле силите“ за да ја соборат неговата влада. Британскиот весник ја забележува неочекувано силната проукраинска позиција што ја зазеде владата на Петков и покрај традиционалните врски на Бугарија со Русија, од каде пред војната доаѓаше околу 90 отсто од снабдувањето со природен гас во земјата. Поради внатрешнополитичката криза, премиерот Петков стравува дека Бугарија ризикува да се врати на својата „традиционална улога на мека земја“…

Read More