Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓоковиќ: Како што е сега за руските спортисти, така беше и за нас Србите во 90-тите

0
By НОВА ТВ Terziova on June 26, 2022 ВЕСТИ, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 26, 2022 15:29

Вимблдон, најпрестижниот тениски турнир во светот, кој започнува утре, донесе одлука без преседан. Поради руската агресија врз Украина и помошта на Белорусија на Путин се забранува настап на руски и белоруски тенисери.

На ова реагираа АТП и ВТА со своја одлука, исто така преседан. Тие најавија дека поради споменатата забрана нема да ги бројат освоените бодови на Вимблдон оваа сезона. Така, легендарниот турнир ова лето ќе биде со раскошен награден фонд.

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот и шесткратен победник на Вимблдон, оваа одлука на турнирот ја нарече луда и на која губат двете страни.  Бранителот на титулата од Ол Ингланд клуб ќе го загуби бројот 1 бидејќи минатата година на Вимблдон освои 2.000 поени.

„Ова е многу неправедно кон мене, кон сите кои постигнаа големи резултати минатата година. Губам бодови, а немам можност да ги бранам поради политиката. Ќе загубам дури 4.000 поени бидејќи не можев да играм на Австралија опен“. Тоа што сега им се случува на руските спортисти, ни го направија и на нас Србите во 90-тите, изјави Ѓоковиќ.

Пред утрешната одбрана на титулата и ловот на четвртата последователна титула, која ја води против Сунву Квон, тој дополнително ја коментираше забраната за Русите и Белорусите:

„Не знам што згрешија со настаните во Украина. Не е фер да ги казнуваме за тоа што се случува таму. Да ми беше забрането такво нешто на мене кој не придонел за конфликтот, ќе се налутев. Би сакал да ве потсетам дека од 1992 до 1996 година, на српските спортисти им беше забрането да се натпреваруваат на меѓународно ниво, така што знам како се чувствуваат Русите и Белорусите сега“, вели Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ кажа и како се чувствува поради сегашната забрана за настап на уште еден Грен слем оваа година. Имено, американските власти се уште не дозволуваат невакцинирани лица да влезат во земјата против короната, па Ѓоковиќ не може да игра УС Опен за два месеци.

„Знам дека не можам да играм на УС Опен во моментов, но тоа ми дава дополнителна мотивација да играм толку добро како што можам овде на Вимблдон“, рече тој.

Вимблдон Ѓоковиќ спорт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.