Author: НОВА ТВ Terziova

Во затворскиот менаџмент имаше одредени луѓе кои се именувани на одредени позиции, но не ги исполнуваат условите за да бидат на местото на кое се поставени, изјави министерот за правда Никола Тупанчески за вчерашната акција каде во 25 ќелии во КПУ Идризово беа пронајдени 37 ножеви, 50 мобилни, дрога и други забранети предмети. „Министерството за правда почна да ги отстранува недостатоците кои претставуваат непочитување на некои одредби од законските прописи. Никој нема да биде поштеден од одговорност, но оставаме тоа да го решат надлежните институции, изјави министерот Тупанчевски. Како што посочи тој, не се најсјајни условите во казнено поправните домови,…

Read More

Темата Северна Македонија се користи за да се одвлече вниманието, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков по денешната владина седница. -Борбата против мафијата продолжува. Не паѓајте во замката да се обидувате да го одвлечете вниманието на јавноста, рече тој, јави Бгнес. Според него денешната вест е извештајот на меѓуресорската комисија меѓу министерствата за финансии и регионален развој, која констатирала прекршоци од околу 2,5 милијарди лева во областа на градежништвото. Кирил Петков потврди дека Владата ја усвоила одлуката со која се предвидува сите предлози од француското претседателство со Советот на Европската унија или од некоја земја членка на тема Република Северна Македонија…

Read More

Вработените од Управата за водење матични книги од утре се враќаат на работа по седум недели штрајк откако со раководството на институцијата за издавање изводи потпишаа колективен договор за унапредување на нивните права. Штрајкот е ставен во мирување до 20 јули, до кога очекуваат владата да им одобри зголемување на платата од 30 отсто. Директорот на Управата, Блерим Абази изјави дека со договорот, кој денеска бил потпишан по неколку средби на штрајкувачкиот одбор, дополнително се унапредени правата на вработените во Управата. Тој се заблагодари на Министерството за правда и министерот Никола Тупанчески за поддршката и на граѓаните кои во изминатиот…

Read More

Пратеникот Скендер Реџепи треба да го врати мандатот кој го добил во име на партијата, велат од партијата Алтернатива, објави Канал 5. Пратеникот Скендер Реџепи изјави дека од сега ќе дејствува како независен пратеник во Собранието на Македонија. Од партијата Алтернатива велат дека оваа одлука е исклучиво лична и не станува збор за став кој е поврзан за партиска структура или партиски орган на Алтернатива. Алтернатива изрази и жалење за одлуката на пратеникот Реџепи и ја известува јавноста дека тоа нема да влијае на групата на пратениците на Алтернатива, ниту на парламентарното мнозинство, ниту на учеството на Алтернатива во извршната…

Read More

На 14.06 2022 околу 16.00 часот во ОВР Кичево била приведена С.К.(19) од Битола, која претходно влегла во домот на Е.Е. од Кичево и одзела пари, мобилен телефон, накит и други предмети. Откако била забележана, С.К. физички ја нападнала оштетената и избегала. Одземените предмети биле вратени на сопственичката, а по целосно документирање на случајот против С.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев изрази сомневање дека Киев во наредниот период ќе може да ги исполнува своите договорни обврски и го доведе во прашање самото постоење на украинската држава во иднина. „А кој рече дека за две години Украина воопшто ќе постои на мапата на светот? Иако на Американците веќе не им е гајле, тие толку вложија во антируски проект, што сè друго за нив е ситница“, напиша тој на Телеграм. Тој информираше дека видел објава, каде се наведува оти Украина „сака да добие течен гас (LNG) од своите странски партнери на лизинг и да…

Read More

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Грција за трупање на воени сили на островите во Егејот заканувајќи се со воена интервенција доколку Атина не ги демлитаризира островите. Фокусот на територијалниот спор е првенствено групата острови наречени Додеканези. Оваа група на острови ги вклучува островитe Родос, Лезбос, Самос и Кос. Турско-грчката граница е јасно регулирана речиси еден век, но прашањето за суверените права во источниот дел на Егејското Море стана „комплицирано“ поради различните толкувања на меѓународното право. Договорот од Лозана (1923) и Договорот од Париз (1947) дефинираат кои острови и се доделуваат на која држава, но предвидуваат и дека одредени…

Read More

Премиерот Кирил Петков испрати предлог со кој практично целосно се ревидира Рамковниот став донесен од Народното собрание и Владата, но тој беше одбиен од МНР. Преговорите напредуваат, но има и прашања кои остануваат отворени за решавање. Еден од нив е формулацијата на таканаречениот македонски јазик во историска и етничка смисла. Ова го изјави министерката за надворешни работи Теодора Генчовска на сослушувањето во Народното собрание кое првично требаше да биде затворено, јавувс БГНЕС. Пратениците денеска ја слушнаа министерката за надворешни работи Теодора Генчовска како разговара за процесот на пристапување на РСМ. Истовремено премиерот Кирил Петков и официјално го изолира МНР од…

Read More

Премиерот на Албанија Еди Рама и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ денеска се во посета на Киев на покана на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Абазовиќ синоќа заедно со Рама замина за Киев. „За Киев, по покана на претседателот Зеленски“, напиша Рама на својата Фејсбук страница пред летот со Абазовиќ. Абазовиќ пред неколку дена ја прифати поканата на Зеленски и рече дека ќе се заложи за идејата за заедничка посета на Киев на премиерите од Западен Балкан. Абазовиќ соопшти дека допатувал во Киев со неговиот албански колега Еди Рама. „Пристигнавме во Киев со Еди Рама, за да обезбедиме искрена поддршка…

Read More

Анкара е единствено одговорна за ескалацијата на тензиите меѓу Грција и Турција, изјави премиерот Кирјакос Мицотакис во интервју за државната телевизија ЕРТ. Запрашан што би направила Грција доколку не надвладее логиката во Анкара и тензиите ескалираат, Мицотакис рече: „Ќе направиме се што е потребно“. „Грците мора да се чувствуваат апсолутно безбедни, бидејќи земјата не само што има силно одвраќање, за кое се погриживме да го зајакнеме во текот на овие три години, туку во исто време имаме многу силни сојузници“, рече тој. Мицотакис го покрена прашањето за агресијата на Турција и нејзиното незаконско нарушување на грчкиот воздушен простор за време…

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Политико“ рече дека не очекува самитот на ЕУ следната недела да го отвори патот за неговата земја да ги започне преговорите за членство и ја префрли вината на Бугарија. Сите влади на ЕУ уште во март 2020 година се согласија да им дадат зелено светло на Албанија и Северна Македонија за почеток на преговори за членство. Но, преговорите допрва треба да започнат откако Бугарија инсистираше на тоа дека сака отстапки од Северна Македонија во билатералните спорови кои се однесуваат на јазикот, историјата и идентитетот. Иако блокадата на Софија се однесува само на Северна…

Read More

Политичкиот аналитичар и поранешен министер за здравство Имер Селмани вели дека не е изненаден од тоа што се случува на политичката сцена во Бугарија и дека тоа е под влијание на други сили. „Не само одредени центри на моќ со руско или проруско влијание се против интеграција на регионот во НАТО, туку и во сите јавни анкети, за жал еден добар дел од населението ги одобруваат негаторските политики на бугарските влади. Едноставно се фаворизираат националистичките партии со националистички ставови кои што не даваат простор за решавање на спорот. Никој од нас не го сфаќа и не го разбира тој спор“,…

Read More