Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тупанчевски за акцијата во Идризово: Дел од затворскиот менаџмент не ги исполнува условите за местата на кои се поставени

0
By НОВА ТВ Terziova on June 15, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 15, 2022 13:38

Во затворскиот менаџмент имаше одредени луѓе кои се именувани на одредени позиции, но не ги исполнуваат условите за да бидат на местото на кое се поставени, изјави министерот за правда Никола Тупанчески за вчерашната акција каде во 25 ќелии во КПУ Идризово беа пронајдени 37 ножеви, 50 мобилни, дрога и други забранети предмети.

„Министерството за правда почна да ги отстранува недостатоците кои претставуваат непочитување на некои одредби од законските прописи. Никој нема да биде поштеден од одговорност, но оставаме тоа да го решат надлежните институции, изјави министерот Тупанчевски.

Како што посочи тој, не се најсјајни условите во казнено поправните домови, а оваа констатација ја имаат и граѓаните на Македонија.

Во тој контекст беа преземени одредени активности за подобрување на состојбите, но и почеток на она што може да претставува реакција на сузбивање на тие девијантни појави.

На дополнително прашање за пријави од девојчињата дека добивале закани од затвореничките, министерот Тупанчевски повтори дека состојбата е подобрена, но не и целосно решена и дека како Министерство и УИС се обидуваат оптимално да реагираат. Директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски информира дека веќе е почната постапка за обезбедување услови и се во завршна фаза, а по исполнување на основните услови и законската рамка девојчињата ќе бидат преместени.

– Не само тоа, навистина има одличен објект во кој што е многу вложено и тој објект, според капцитетот на исполнетост исполнет е една третина. Значи навистина идеални услови за осудени лица кои немаат направено 18 години, меѓутоа ќе треба да се направат одредени адаптации за да може да биде комплетно ставен во функција. Мислам дека ниту финансиски е оправдано таквиот објект, ако ние имаме можност, а заради некои недоречености не ја користиме можноста во целост, рече министерот Тупанчевски.

М.Т.

 

 

акција Идризово Македонија тупанчески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.