Премиерот на Албанија Еди Рама и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ денеска се во посета на Киев на покана на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Абазовиќ синоќа заедно со Рама замина за Киев.

„За Киев, по покана на претседателот Зеленски“, напиша Рама на својата Фејсбук страница пред летот со Абазовиќ.

Абазовиќ пред неколку дена ја прифати поканата на Зеленски и рече дека ќе се заложи за идејата за заедничка посета на Киев на премиерите од Западен Балкан.

Абазовиќ соопшти дека допатувал во Киев со неговиот албански колега Еди Рама.

„Пристигнавме во Киев со Еди Рама, за да обезбедиме искрена поддршка на  граѓаните во одбраната на правото на слобода. Црна Гора ќе продолжи да и помага на Украина во ова тешко време и хуманитарна катастрофа“, напиша Абазовиќ на Твитер.