Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Во поплавите во бразилската држава Пернамбуко во североисточниот дел на Бразил загина 91 лице, соопштија денеска локалните власти. Локалните и федералните спасувачки служби ја пребаруваат областа барајќи 26 лица кои моментално се водат како исчезнати. Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро им изрази сочувство на семејствата на жртвите. „За жал, вакви катастрофи се случуваат во земја со големина на континентот. Сите сме тажни. Изразувам сочувство до семејствата на жртвите. Нашата поширока цел е да ги утешиме семејствата и да му помогнеме на населението со материјални средства“, рече Болсонаро. Бразилскиот министер за регионален развој Даниел Фереира најави дека Владата работи на доделување…
САД нема да испратат ракетни системи во Украина кои можат да стигнат до Русија, изјави денеска американскиот претседател Џозеф Бајден. Според агенцијата „Ројтерс“, овој коментар следи по извештајот дека администрацијата на Бајден се подготвува да испрати напредни ракетни системи со долг дострел во Киев. Би-Би-Си во извештајот наведува дека се чини дека американската влада е блиску до испраќање ракетен систем со долг дострел (МЛРС) во Украина. Од друга страна, се вели дека Русија на ваквите испораки на тешко оружје гледа како на провокативна ескалација на конфликтот. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и други официјални лица во Киев повикаа на испорака…
Градоначалникот на општина Тетово и лидер на Движење Беса, Биљал Касами во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 запрашан формирањето на идна Влада, за тоа кој од македонските политички партии е поблизок или по реален за Касами, тој рече дека не е битно кој ќе биде на другата страна. „Тоа се докажа и со нашата коалиција со СДСМ од која излеговме кога видовме дека нашите барања не се исполнуваат, ние сме единствените кои од позиција на власт гласавме за рушење на истата. Ние имаме свои принципи и барања, одговорности и ветувања спрема албанскиот народ, и ние полагаме одговорност кон Албанците,…
Не се работи дали треба да биде порано или покасно протестот. Јас ги повикувам сите граѓани кои се чувствуваат разочарани од сите политики изминативе години, што гледаат што се случува. Нека дојдат сите граѓани, да види колку е народот незадоволен од власта, да се покаже потребата од предвремени избори, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во „Тема на денот“ на Сител телевизија говорејќи за претстојниот протест на 18 јуни. Мисајловски истакна дека сите анкети покажуваат дека мнозинството од народот сака промени и дека државата со оваа власт оди во погрешна насока. – На последните анкети околу 70% од граѓаните сметаат…
Лидерите на 27-те земји членки на ЕУ доцна синоќа постигнаа политички договор за ембарго на околу 90 отсто врз руската нафта, Унгарија го доби исклучокот што го бараше, јави дописничката на МИА од Брисел. И покрај песимизмот во одредени кругови во ЕУ, лидерите сепак изнајдоа начелен политички договор за руската нафта. До крајот на годината сировата нафта и нафтените производи од Русија ќе подлежат на ембарго, освен во случај на испораката на нафтоводот Дружба кон југот, објаснија претседателите Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен на прес-конференција по првиот ден од вонредниот лидерски самит. Целата нафта што се пренесува преку…
Финалето од фудбалската Лига на шампиони во саботата вечерта почна со големо задоцнување поради хаосот пред влезовите на стадионот „Сен Дени“, каде што беа навивачите на Ливерпул и влегоа во конфликт со полицијата, која не ги пушташе да влезат без билети. Фановите на Црвените ја обвинија УЕФА за лоша организација, а според француското Министерство за внатрешни работи, виновни се англиските навивачи кои имале лажни билети или воопшто немале билети. Француската полиција беше критикувана поради тоа што фрли солзавец кон некои навивачи на Ливерпул додека чекаа да влезат на стадионот. Полицијата, исто така, беше обвинета за неорганизираност во справувањето со големите…
Сопругот на претседателката на американскиот Претставнички дом, Ненси Пелоси, е уапсен во саботата под сомнение дека возел под дејство на алкохол во округот Напа во Калифорнија и учествувал во судир на две возила, соопшти сообраќајната полицијата на Калифорнија. Пол Пелоси (82) бил одведен во притворниот центар на округот Напа, откако бил обвинет за два прекршока и му била одредена кауција од 5.000 долари, според полицијата, но тој не бил на списокот на лица во притвор. Сообраќајната патрола во Калифорнија соопшти дека Пол Пелоси возел „порше“ од 2021 година и дека во неговото возило удрил џип управуван од маж (48). Во…
Уште за една недела има гориво за камионите на Противпожарната бригада на Град Скопје. Тендерот за набавка на гориво за потребите на Град Скопје и Противпожарната бригада завршил на 26 мај, а нов тендер уште не е потпишан. Освен за Пожарната, гориво нема ниту за службените коли на Градот, објави сдк.мк. Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје Звонко Томевски вели дека е точно дека е завршен тендер за гориво, но во моментов нема проблем бидејќи имаат резерви за една недела. „Сите возила и камиони имаат наполнето гориво, полни им се до крај резервоарите што е доволно за една недела.…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 % во однос на одлуката од 23.05.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,323 ден/кг и изнесува 54,640 ден/кг. Од 31.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС –…
Во овој момент работиме на детекција на воздухот, односно дали има отровни гасови и какви. Состојбата во овој момент од аспект на отровност на гасови не е алармантна, кажа првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. -Според информациите што ги имаме, има зголемено ниво на ПМ честички, гаснењето со вода на ваков пожар директно од воздухот може да доведе до распламтување на пожарот. Од тие причини побаравме по самата линија на пожарот да биде фрлена водата, односно пожарот да биде пресечен да не се пренесе во задниот дел каде што има садови со експлозивни материи, рече Ангелов.…
Синоќа, половина час по полноќ во близина на клучка Мирковци се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинало 23-годишно момче. „На 30.05.2022 во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат – обиколница во Скопје, во близина на клучка Мирковци, патничко возило „фолксваген голф“, со косовски национални ознаки, управувано од Х.Ч.(23) од Република Косово, излетало надвор од коловозот. Возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Скопје. Увид извршила екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција“, велат од МВР.
Распаднатата состојба на јавниот здравствен систем отвори простор за профит на приватните бизниси, пишува Балканинсајт. Двајца инвеститори, едниот од бизнисот со обезбедување на безбедносни услуги за имот и луѓе, а другиот од светот на онлајн рекламирањето, угостителството и други дејности, отворија приватни здравствени компании во последните месеци – клиника и служба за итна интервенција. Ова беа најновите големи инвеститори во здравствениот бизнис на Северна Македонија, во 20-те години откако приватното здравство доби замав во земјата. Погледот на историите на најголемите инвестиции во здравството во овој период открива дека во овој бизнис долго време доминирале инвестициите на истакнати медицински професионалци како…