Author: НОВА ТВ Terziova

Околу 40 милиони денари годинава ќе инвестира Министeрството за образование и наука за реконструкција на 4 основни училишта на територијата на Гостивар. „Гоце Делчев“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада, за што градежните активности започнаа кон крајот на јануари годинава, додека од февруари во „Фаик Коница“ во Дебреше започната е реконструкција на санитарни јазли и внатрешни ѕидови. И во двете училишта активностите ќе завршат во текот на месец август. А во планот за јавни набавки за годинава предвидена е и реконструкција на основното училиште „Исмаил Ќемали“, како и замена на кров и целосна обнова на кабинетите и работилниците во средното…

Read More

Нема повредени лица во пожарот кој утринава избувна во поранешната фабрика „Македонија Табак“, се првичните информации од полицијата. -Во 09.30 часот во СВР Тетово пријавено е дека настанал пожар во магацин за складирање на производи на тетовска фабрика, лоциран помеѓу улиците „Маршал Тито“ и „Борис Кидрич“ во Тетово. Според првичната пријава нема повредени лица, а екипи на Територијалната противпожарна единица Тетово преземаат мерки за гаснење на пожарот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. Во моментов пожарот го гасат пожарникари од Тетово, а на помош дојдоа и возила од Бригадата за противпожарна заштита од Скопје бидејќи пожарот е голем и…

Read More

„Стапката на невработеност се очекува дополнително да се намалува. Во моментов е на историско најниско ниво од 15,2 проценти“, изјави премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски на обраќањето на меѓународната конференција „Економски финансиски форум“. „Создаваме основа за забрзување на економскиот раст. Во втората половина од годинава предвидуваме стабилизирање на цените. Прогнозите се дека економскиот раст на среден рок кај нас е забрзан“, изјави Ковачевски. Како што најави премиерот, се очекува и раст на нето платата. „Го обезбедуваме растот на просечната нето плата, која според статистиката достигна 500 евра“, вели Ковачевски. Премиерот Ковачевски подвлече дека Владата на среден рок останува посветена на…

Read More

Густ црн чад се издигна утрово над Тетово, а голем пожар го зафати поранешниот Тутунски комбинат познат како Монопол, пишуваат локалните медиуми. Пожарот веднаш бил пријавен во тетовската противпожарна единица и пожарникарите со неколку возила се веќе излезени на терен. Во моментов пожарот го гасат пожарникари од Тетово, а на помош дојдоа и возила од Бригадата за противпожарна заштита од Скопје бидејќи пожарот е голем и се шири кон останатите магацински простории.

Read More

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска формално ќе поднесат интерпелација за претседателот на Собранието Талат Џафери, а за истата да помине потребни се 61 глас.  Од Движењето Беса велат дека ќе ја поддржат интерпелацијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Повеќе од јасно е дека по последните случувања во Собранието, особено по разрешувањето на пратеникот Фадиљ Зендели од Комисијата за избори и именувања, Талат Џафери несомнено дека нема кредибилитет да ја извршува должноста претседател на Собранието. Пратениците на Беса ќе ја поддржат интерпелацијата но најважно е мнозинството да сфати дека ги измами граѓаните на земјава и затоа треба да одиме што поскоро на предвремени парламентарни избори“,…

Read More

Иако бугарскиот премиер Кирил Петков има силна желба да го тргне односно укине ветото за С. Македонија, тој нема да го стори тоа, бидејќи следниот ден нема да биде премиер, а владата ќе падне, вели Петар Витанов, шеф на делегацијата на бугарските социјалисти во Европскиот парламент. Според него, бугарските граѓани нема да останат рамнодушни доколку владата одлучи да го укине ветото во сегашната состојба на преговорите. „Сакам да верувам дека не треба да има поврзување на прашањето за С. Македонија со танкери, планот за одржлив развој или Шенген. Тргување со овие работи не може да има, бидејќи ова е клучна…

Read More

Цените на нафтата пораснаа на почетокот на новата трговска недела, поради карантинот во Кина и планот на Европската унија да го забрани увозот на руска сурова нафта. Европската нафта Брент синоќа достигна 120,2 долари за барел, по што благо падна на 119,8 долари. Цената на Брент, која претставува референтна вредност на светскиот пазар на нафта, минатата недела затвори со добивка од 6,0 отсто, на највисоко ниво во последните два месеци, пренесува „Блумберг“. Американската нафта WTI исто така зајакна и се тргува за 115,8 долари за барел, според најновите достапни податоци. Властите во Шангај, трговскиот и деловниот центар на Кина, им…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесува интерпелација за претседателот на Собранитео, Талат Џафери за кршење на кодексот за етичко однесување на пратениците, како и, како што смета најголемата опозициска партија, за прекршување на Уставот и Деловникот за работа. „Имено, откако Џафери е избран за претседател на Собранието, сѐ почесто сме сведоци на скандали во неговото работење. Последен во низата беше скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ беа заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Во храмот на македонската демократија во македонското собрание на опозиционите пратеници им беше ускратено загарантираното право на слобода и движење“…

Read More

Албанија на први јуни го презема едномесечното претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации. – Во Њујок на преземањето на штафетата за претседавање со Советот за безбедност ќе присуствуваат премиерот Еди Рама и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка. Ферит Хоџа амбасадор во ОН ова го оценува како голема одговорност, но секако и привилегија, пренесува Топ чанел. Според истиот извор министерката Џачка изјавила дека со преземањето на претседавањето Албанија ќе биде гласноговорник на дипломатските напори за изолација на Русија. Албанија членка на ОН е од 14 декември 1955 година а за непостојана членка во Советот за безбедност…

Read More

Нова пандемија би можела да започне во следните две децении, смета милијардерот и ко-основач на Мајкрософт, Бил Гејтс во интервју за Диарио. Според Гејтс има 50 отсто шанси таа да се појави во следните 20 години и дека нејзиното потекло веројатно ќе биде природно. „Тоа може да биде вирус направен од луѓе, кои ќе го развијат и намерно ќе го шират. Или може да биде нешто што доаѓа од природниот свет. Човечката популација расте и ние навлегуваме во се повеќе екосистеми. Затоа предвидувам дека има 50 проценти шанси да имаме нова пандемија од природно потекло во следните 20 години, како…

Read More

Чехословачка некогаш изгради илјадници бункери за да се спротивстави на нацистичка Германија. Денес тие немаат никаква корист – и се на продажба. Со малку имагинација, таму се може да се направи. Чешките новинари во четвртокот се собраа околу Андор Шандор, поранешниот шеф на разузнавачката служба, денес приватен претприемач во безбедносниот сектор. Тој најави дека ќе зборува за „важни безбедносни предизвици“ за земјата. Сите беа шокирани кога Шандор почна да дели брошури за рекламирање – продавање бункери. Сликата во бизарната брошура покажува семејство сместено во подземен бункер, додека торнада или тенкови им ја уништуваат куќа горе. Тоа задоволство граѓанинот би го…

Read More

Водителката и дописничка Жана Агалакова беше едно од најпознатите лица на руската државна телевизија до март оваа година, кога поднесе оставка поради војната во Украина. Таа моментално се крие, а за Би-Би-Си изјави дека руската телевизија е машина за перење мозок и ги повикува луѓето да ја исклучат. „Како ова да се две различни планети“, рече Агалакова, споредувајќи ја руската телевизија со другите медиуми.

Read More