Водителката и дописничка Жана Агалакова беше едно од најпознатите лица на руската државна телевизија до март оваа година, кога поднесе оставка поради војната во Украина.

Таа моментално се крие, а за Би-Би-Си изјави дека руската телевизија е машина за перење мозок и ги повикува луѓето да ја исклучат.

„Како ова да се две различни планети“, рече Агалакова, споредувајќи ја руската телевизија со другите медиуми.