Author: НОВА ТВ Terziova

Судија на претходна постапка вечерва го прифати барањето на Обвинителството и им одреди притвор на шестмина од вкупно седумтемина обвинети за случајот „парцели за ЕВН“, меѓу кои и за двајца поранешни управители во компанијата. -Пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје беа спроведени седум лица. По произнесување на јавниот обвинител и осомничените лица во присуство на нивните бранители, судија на претходна постапка, ценејќи ги фактите приложени во предлогот, донесе решенија со кои делумно го прифати предлогот и на: И.Г., М.М., Д.Т., О.Т. и В.И. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на Д.Ќ, му…

Read More

Владините коалициски партнери во Бугарија вечерва повеќе од три часа заседаваа на вонреден совет со фокус на односите со Република Северна Македонија. Шефицата на политичкиот кабинет на премиерот Кирил Петков, Лена Бориславова по завршувањето на коалицискиот совет, изјави дека коалицијата имала конструктивен дијалог на оваа тема, која, според неа, е исклучително важна за бугарското општество. – Се договоривме дека за нас е најважно да имаме широк договор за темата Република Северна Македонија, со што го потврдивме ветувањето што го дадовме на целата коалиција дека оваа тема нужно ќе помине низ Националното собрание. Дотогаш ќе ги оставиме дипломатите во МНР да…

Read More

Русија наводно размислува за друг напад на украинскиот главен град Киев. Медуза ,независната руска информативна интернет страница објави дека во Москва постои надеж дека Русија ќе победи во војната со Украина. Администрацијата на Владимир Путин започнува да крои план како да издвои потполна победа до крајот на годината, известуваат извори од Медуза. Според Медуза постојат минимални и максимални прагови за прогласување на успешно заваршување на специјалната воена операција. Минимумот е превземање на источната регија на Донбас, а маскималниот праг е превземање на Киев. Претходниот напад на главниот град не беше успешен па затоа Русија се фокусира на Донбас. Се претпоставува…

Read More

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи денеска во Киев оствари средба со неговиот украински колега Дмитро Кулеба. На својот Фејсбук министерот објави фотографии со Кулеба на која се гледа како двајцата министри си разменуваат дресови. -Разменивме дресови со мојот пријател, Кулеба. Со надеж дека истите ќе ги носиме и на пријателски натпревар меѓу нашите држави, со полни трибини и радосни луѓе, напиша Османи.

Read More

Соборот усвои соодветни измени на уставот за управување со УПС, што значи негова целосна независност и самостојност, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на УПС. Соборот на Украинската православна црква денеска изрази несогласување со ставот на рускиот патријарх и на цела Русија, Кирил во однос на конфликтот во Украина и усвои измени на уставот на УПЦ, што значи нејзина целосна независност. – Ние не се согласуваме со ставот на московскиот патријарх Кирил… за војната – се вели во соопштението на црквата по одржувањето на Соборот фокусиран на руската „агресија“ против Украина, каде што прогласи „целосна независност и автономија на…

Read More

Бугарскиот претседател, Румен Радев, очекува на вечерашниот коалиционен владин совет посветен на односите со Македонија, да се следат одлуките на Советодавниот совет за национална безбеднос кои беа донесени во јануари годинава. Тоа е со цел, како што рече Радев, одбрана на бугарскиот интерес и копенхашките критериуми за членство во Европската Унија. „Доколку сето тоа се случи ќе се потрудиме да и помогнеме на Република Северна Македонија да го следи овој пат“, рече Радев, пренесе „Труд.бг“. Прашан какви се ставовите на бугарската влада за Северна Македонија пред средбата, Радев рече дека фокусот на владата на надворешната политика не може да ги…

Read More

Со цел да ги намалат своите трошоци, општините формирале јавни претпријатија преку кои електричната енергија за улично осветлување ја добиваат од ЕВН, по цена за домаќинствата, информираше денеска Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Поради оваа злоупотреба, тој додава дека граѓаните веќе од јули би можеле да се соочат со повисоки сметки за струја до десет проценти. -Трошокот од 30 милиони евра, што го направиле општините значи 10 отсто зголемување на електричната енергија за граѓаните. Тој трошок РЕК сега ќе го префрли назад кај сите тие општини. Немаме намера повторно да го преземеме тој товар, вели Бислимоски…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министрите за транспорт и врски и за локална самоуправа, Благој Бочварски и Горан Милевски, како и со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, извршија увид на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови-Жировница. Делницата Маврови Анови-Жировница е во должина од 18,5 км, инвестиција вредна 6,18 милиони евра, а реализацијата во моментот е 60%. „Станува збор за највредниот инфраструктурен зафат во општината Маврово Ростуше. Трасата на оваа делница всушност е продолжение на веќе рехабилитираната делница Бунец–Маврови Анови. Овој патен правец ги поврзува населените места Ново Село-Бунец-Маврови Анови-Жировница-Ростуше-Бошков Мост-Дебар-Блато па се до границата со Република…

Read More

Речиси 200 нови случаи на мајмунски сипаници се пријавени во повеќе од 20 земји, каде главно нема епидемии на невообичаени болести, но епидемијата е под контрола, соопшти денеска Светската здравствена организација. СЗО предложи создавање резерви за еднаква дистрибуција на вакцини и достапни лекови низ целиот свет. Во соопштението се вели дека се уште има многу неодговорени прашања за тоа како настанала епидемијата, но нема докази дека некакви генетски промени во вирусот се одговорни за тоа. „Првата секвенца на вирусот покажува дека сојот не се разликува од соевите што можеме да ги најдеме во земјите каде што вирусот е ендемичен и…

Read More

На украинските бегалци кои успеале да спасат жива глава и да стигнат во Бугарија со кола Бугарите почнаа да им ги крадат регистрациите. Бугарите откриле дека како дел од пакетот за бегалци од Украина, бугарската влада им овозможила на сите украински автомобили бесплатно да се паркираат каде сакаат низ Бугарија (на обележени паркинзи). По оваа информација Бугарите почнале да крадат украински таблици за да ја искористат истата бенефиција. „Регистрациите на возилата постојано се крадат. Во прво време не ни беше јасно што е работата. Излезе дека возилата со украински таблици можат бесплатно да паркираат. Бугарите ги земаат украинските таблици и…

Read More

Девојчето (11) кое го преживеа масакрот во основното училиште Роб во Увалде, Тексас, била измачкана со крвта на нејзината другарка и прогласена за мртва, јавува Си-Ен-Ен. Мија Серило проговори за нејзиното ужасно искуство во училницата каде што се случи масовното пукање. Мија рече дека таа и нејзините соученици го гледале филмот Lilo and Stitch во училницата кога наставниците дознале дека има напаѓач во зградата. Таа опишала како се се случувало многу брзо, нејзиниот наставник се сокрил во училницата, а напаѓачот ја следел. Таа рече дека напаѓачот погледнал во една од нејзините учителки и и рекол „добра ноќ“, а потоа ја…

Read More

Компанијата ТАВ Македонија, за утре, сабота, 28-ми мај, најавува дека ќе ја заврши рехабилитацијата на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје и од 17 часот попладнето летовите ќе почнат да се одвиваат во текот на целото деноноќие. Градежните работи за рехабилитација на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје почнаа на 28-ми март и оттогаш досега распоредот на летови беше изменет, односно летовите се одвиваа од 17 часот до 9 часот секој ден, а од 9 часот до 17 часот се работеше на пистата. „Овој голем инвестициски проект завршува по 62 дена градежни работи за обновување на асфалтот на пистата на скопскиот аеродром.…

Read More