Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи денеска во Киев оствари средба со неговиот украински колега Дмитро Кулеба.

На својот Фејсбук министерот објави фотографии со Кулеба на која се гледа како двајцата министри си разменуваат дресови.

-Разменивме дресови со мојот пријател, Кулеба. Со надеж дека истите ќе ги носиме и на пријателски натпревар меѓу нашите држави, со полни трибини и радосни луѓе, напиша Османи.