Author: НОВА ТВ Terziova

Американскиот претседател Џо Бајден објави неколку имиња, како што рече, на клучни личности кои ќе служат во неговата администрација. За нова амбасадорка во Северна Македонија тој ја номинираше Ангела Агелер, која и е добро позната на овдешната јавност како советничка за односи со јавност на амбасадата на САД во Скопје во периодот 2009-2011 година. Агелер е дипломатка од кариера, и во Северна Македонија ќе дојде од позицијата заменик- амбасадор на САД во Пакистан. Во својата кариера работела и како советник за односи со јавност во амбасадата на САД во Париз, во Стејт Департментот како заменик помошник државен секретар за јужна…

Read More

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вечерва побара да се заклучат вратите од собраниската сала, за службите да ги пребројат пратениците, а собраниските врати од салата за да службите пребројуваат пратеници, што наиде на остри протести од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. На реакциите да не ги заклучува вратите, Џафери рече: „Јас наредувам. Спушти камера, затворете врата. Пребројте пратеници колку има“, а пратениците се собраа околу неговото место. Џафери одново реагираше: „Тргни се од тука, не сум те повикал. Тргни се од тука. Седете на свои места“. „Кој ти дава право да заклучиш сала?“ го праша Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на…

Read More

Вечерва во близина на општината Ѓорче Петров се случи сообраќајна несреќа во која загина пешак. Со своја реакција на социјалните мрежи се огласи градочалникот на оваа скопска општина Александар Стојкоски. – Сочувство до семејството на загинатиот пешак. Улиците треба да се безбедни за сите, од деца до највозрасни. Сите имаме своја улога во сообраќајот, внимателноста е најважна, напиша Стојкоски на фејсбук. Стојкоски во својата објава потенцираше дека огромно внимание треба да обрнеме на другите учесници во сообраќајот, на брзината со која возиме, сообраќајните правила. – Како пешаци мораме без исклучок колку ни се брза, да поминуваме улица на обележан пешачки…

Read More

Словенечките пратеници го одобрија Роберт Голоб за мандатар на новата Влада, откако неговата партија победи на националните избори минатиот месец, отворајќи го патот за формирање нова влада, пишува агенцијата СТА. На тајното гласање, 54 пратеници го поддржаа Голоб, поранешен извршен директор на државна енергетска компанија која започна проекти за зелена енергија. Голоб претходно оваа година стана лидер на централната еколошка партија Движење на слободата, која беше формирана минатата година. Против гласаа 30 пратеници. „Луѓето очекуваат надеж“, рече Голоб во обраќањето пред парламентот. „Ако вложам каков било напор, ќе се трудам да им дадам надеж на луѓето за подобра иднина“, рече…

Read More

„Минатата недела францускиот претседател Емануел Макрон имаше телефонски разговори со бугарскиот претседател Радев и со премиерите Петков и Ковачевски. Тоа беа корисни разговори и се покажа интерес и желба од Франција да помогне“, рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Клик плус“ на ТВ21. Тој додаде дека се забележува зголеменото француско присуство во регионот и кај нас, што, според Маричиќ, е добро бидејќи доколку претседавачот со ЕУ не е убеден во процесот, тогаш тешко дека ќе напредува дискусијата и на ниво на Унијата. „Добро е што Франција учествува и прави иницијативи да ни помогне. Досега сите предлози што биле…

Read More

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во Ѓорче Петров во близина на зградата на Општината. Според првичните информации патничко моторно возило марка Ауди удрило во пешак. Нема детали околу неговата возраст ниту како се случила несреќата. Очевидци информираат дека била констатирана смрт кај пешакот. Екипите се на терен. Брзата помош се обидела да го реанимира пешакот, но безуспешно.

Read More

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба го обвини НАТО дека „буквално ништо“ не прави за да ја спречи руската инвазија на неговата земја. Кулеба ја пофали ЕУ за „револуционерните“ одлуки за поддршка на Киев, но рече дека НАТО останува „целосно на страна“. „НАТО како сојуз, како институција е целосно на страна и не прави буквално ништо. Жал ми е што морам да го кажам тоа“, рече Кулеба на Светскиот економски форум во Давос, пренесува „Гардијан“. „Војната ги симна маските“ На почетокот на војната во Украина, НАТО се сметаше за моќна сила и ЕУ можеше да изрази само различни нивоа…

Read More

Десетици илјади украински бегалци кои се во бугарските одморалишта на Црното Море ќе мора да заминат до 1 јуни поради намалените владини субвенции и почетокот на сезоната на летни одмори. Откако Русија изврши инвазија на 24 февруари, а Украинците почнаа да бегаат од земјата, Бугарија, како и многу други земји од централна и источна Европа, реши да им помогне, да ги прифати и да обезбеди сместување. Од 97.000 бегалци од Украина кои моментално се во Бугарија, околу 60.000, главно жени и деца, се сместени во одморалиштата, а бугарската држава им обезбедува 40 лева (22 долари) по лице дневно. Според бугарски…

Read More

Министерот за финансии Синиша Мали изјави во Будимпешта, по средбата со унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијартo, дека е договорено Србија во текот на претстојната зима да складира 500 милиони кубни метри гас во Унгарија, јави дописникот на МИА од Белград. Договорот беше прецизиран откако српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан во Нови Сад на отворањето на Меѓународниот земјоделски саем се договорија Србија да складира меѓу 300 и 500 милиони кубни метри гас во Унгарија. По средбата, Мали за новинарите изјави дека врз основа на денешниот договор Србија ќе може да повлече три милиони…

Read More

Салвадор Рамос, 18-годишниот средношколец кој уби 19 деца и две наставнички во основно училиште во Тексас, легално купил две полуавтоматски пушки и 375 куршуми во рок од три дена, неколку дена пред да го изврши нападот во Увалде. Полицијата и истражителите и натаму не го знаат мотивот на нападот, во кој настрадаа деца на возраст од седум до десет години, како и две наставнички со долг стаж во училиштето. Пред да тргне во својот поход, Рамос ја застрелал баба му, кај која се преселил два месеца порано, откако се скарал со мајка му, која имала проблеми со дрога. „Тој беше…

Read More

СДСМ обвини дека локалната власт во Битола предводена од ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот го срушиле интегритетот на Советот на Општина Битола. -Постојат индиции за основано сомнение за извршен упад во службените компјутери на неколку советници од СДСМ и коалицијата! Погазена е приватноста на советниците, загрозена е нивната работа како народни избраници и уништена е назависноста на Советот на општината како институција!, рече на денешната прес-конференција координаторот на советничката група на СДСМ Битола, Методија Илиевски. Тој додава дека е поднесена пријава во Основното јавно обвинителство и во Министерството за внатрешни работи. -Очекуваме за многу брзо да се откријат сите детали…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Рим се сретна со италијанската министерка за внатрешни работи на Италија, Лучана Ламорџезе, на која беше потпишан Меморандум за соработка во областа на сузбивање на трговија со дрога помеѓу Одделот за јавна безбедност при МВР на Италијанската Република и Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија. – Денес сме сведоци на уште еден успешно завршен проект – потпишување на Меморандум за соработка во областа на сузбивање на трговијата со дрога. Сакам да истакнам дека овој документ кој денеска ќе го потпишат директорите на двете полициски служби…

Read More