Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во Ѓорче Петров во близина на зградата на Општината.

Според првичните информации патничко моторно возило марка Ауди удрило во пешак. Нема детали околу неговата возраст ниту како се случила несреќата.

Очевидци информираат дека била констатирана смрт кај пешакот.

Екипите се на терен. Брзата помош се обидела да го реанимира пешакот, но безуспешно.