СДСМ обвини дека локалната власт во Битола предводена од ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот го срушиле интегритетот на Советот на Општина Битола.

-Постојат индиции за основано сомнение за извршен упад во службените компјутери на неколку советници од СДСМ и коалицијата! Погазена е приватноста на советниците, загрозена е нивната работа како народни избраници и уништена е назависноста на Советот на општината како институција!, рече на денешната прес-конференција координаторот на советничката група на СДСМ Битола, Методија Илиевски.

Тој додава дека е поднесена пријава во Основното јавно обвинителство и во Министерството за внатрешни работи.

-Очекуваме за многу брзо да се откријат сите детали од оваа афера која потврдува дека кај ВМРО – ДПМНЕ ништо не се променило. Оваа партија кога и да е на власт ги користи методите на работа од времето на Никола Груевски. Шпионирање, прислушување, шиканирање на политичкиот противник било и очигледно сеуште е начинот на кој работи ВМРО – ДПМНЕ, побара Илиевски.