Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
– Турција е подготвена да спроведе нови воени операции во регионите на Сирија долж турската граница, изјави денеска во Самсун турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. – Неприфатливи се повиците за ограничување на антитерористичките операции во реоните во Сирија западно од реката Еуфрат. За Турција не е битно каде дејствуваат терористите, ние сме подготвени да направиме се за нивно уништување, додаде Ердоган. Изјавата на Ердоган следи откако Генералштабот на Вооружените сили на Турција денеска соопшти дека турската армија и силите на бинтовничката Слободната сириска армија, која ја има поддршката на Анкара, воспоставиле целосна контрола над реонот на Африн во северна Сирија,…
Матуранти со зурли и тапани вечерва го блокираа сообраќајот на булеварот кон трговскиот центар „Рамстор“, објави порталот „4NEWS.mk“. Полицијата доцна пристигнала да го регулира сообраќајот и прославата на матурантите. Полицајците не можеле да се пробијат по „Јужен булевар“, па кружеле и пристигнале од другата страна. Целата ситуација предизвикала нервоза кај возачите, кои морале да чекаат матурантите да завршат со прославата и огнометот и да се отвори еднонасочната улица.
Премиерот Димитар Ковачевски, во придружба на ќерката Тамара Ковачевска и делегацијата на Владата на Република Македонија, којашто е во дводневна посета во Рим и Ватикан во рамките на традиционалните свечености во чест на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, денеска беше примена од неговата светост Папата Франциск. Ќерката на премиерот носеше креација од модниот бренд „Кокев“, објави на својот фејсбук профил сопственичката и модна дизајнерка Тања Кокев. Се работи за модел од Пустинска роза 2022 година од најновата колекција. Оваа креација има и црн тул со крупни точки како додаток за да бидат покриени…
Поглаварот на српската православна црква Порфирије попладнево пристигна во Скопје во канонска посета на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Утре Патријархот Порфириј и Архиепископот охридски и македонски Стефан, на празникот Свети Кирил и Методиј, ќе служат света архиерејска литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Во делегацијата на СПЦ се и Митрополитот црногорски и приморски Јоаникије, Епископот сремски Василиј, Епископот бачки Иринеј, зворничко-тузланскиот Фотие и крушевачкиот Давид. Делегацијата на СПЦ беше пречекана од Архиепископот г.г. Стефан и Митрополитот Тимотеј.
Судар на автомобил и мал камион се случил попладнево околу 18 часот на Панчевскиот мост во правец кон Белград каде две лица загинаа. Маж и жена испаднале од камионот. Двајцата од силината на ударот ја прелетале заштитната ограда. Едното тело е извлечено, се наоѓа во чамец на речната полиција и не дава знаци на живот а другото е во подножјето на конструкцијата на мостот. Во оваа тешка сообраќајна несреќа камионот бил целосно смачкан. Дел од него виси на оградата од мостот. Екипите на Брза помош излегле на местото на настанот. Сообраќајот во овој дел од градот е во прекин, пренесе…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека сега е момент кога светот треба да реши дали брутална сила ќе владее со него. Тој повика на максимални санкции кон Русија. „Украина се спротивстави на нападите подолго од очекуваното, но не би била принудена да ја преживува оваа војна со толку многу жртви ако минатата есен беа воведени санкции кон Русија“, рече Зеленски обраќајќи се преку видео врска до лидерите на Светскиот економски форум во Давос. Вели дека ако имаше целосно единство кога Русија го истражуваше Крим во 2014 година, немаше да има инвазија во февруари, пренесува „Гардијан“. „Оваа година зборот пресврт е…
На средбата меѓу македонскиот премиер Димитар Ковачевски и бугарскиот премиер Кирил Петков во предвечерието на одбележувањето на 24-ти мај и браќата Св. Кирил и Методиј имаше најави дека токму денес двете страни ќе објават напредок во преговорите за кревање на бугарското вето. Но засега од Рим ништо ново. „Во овој момент не можам да кажам за тоа дали има напредок во однос на постигнување на заемно прифатлив документ со Бугарија, но разговорите продолжуваат меѓу експертските тимови на министерствата за надворешни работи и штом ќе има одреден напредок тогаш ќе биде соопштен на ниво на министри“, вели Ковачевски. Според Ковачевски, договорено…
Двајца планинари од Кавадарци и еден од Неготино, денеска го искачија врвот Брајтхорн Зермат на швајцарските Алпи, што се наоѓа на надморска височина од 4.164 метри. Станува збор за кавадарчаните Гоце Попов и Весна Чемерска, членови на планинарското друштво „Орле” и неготинецот Пере Самандов. – Немаше никакви проблеми. Планинаревме пет часа и триесет минути. На врвот беше минус осум степени, времето облачно, изјави Попов за МИА.
Турција не може да ги игнорира санкциите на Стокхолм против Анкара, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Иако е очигледна виталната улога што ја играме во Алијансата и меѓународните организации чии членови сме, некои од нашите сојузници сè уште зборуваат за укинување на санкциите. Не можеме да ги игнорираме санкциите на Шведска против нас“, рече претседателот Ердоган. Тој оцени дека политиката на проширување на НАТО, во која, како што рече, не се заштитени фундаменталните аспекти на безбедноста, нема да придонесе ниту за Турција, ниту за Алијансата. Турција смета на преземање конкретни чекори наместо бескорисни изјави на НАТО за да одговори…
Пратеникот од партијата на Кирил Петков, „Продолжуваме со промените“ Венко Сабрутев – побара Македонија да ги врати коските на Цар Самоил, кои пак се наоѓаат во Грција. „Северна Македонија и наложеното вето за пристапување во Европската унија не е водечко прашање за народот во моментов. Нема да го укинеме ветото доколку Северна Македонија не даде гаранции и гестови дека ќе ги исполни своите обврски. Еден таков гест е враќање на коските на цар Самуил кај нас“, изјави пратеникот од „Продолжуваме со промените“ Венко Сабрутев за БНТ. Сепак, коските на царот Самуил се во Солун и Бугарија долго време се преговара…
Неколку лица се нападнати за време на ракометен натпревар вчера во спортската сала „Антон Димитров“ во Бутел. „Полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода А.Б.(20) од Скопје затоа што влегол во салата со околу 15 лица од навивачка група и нападнале едно лице, а се обиделе и физички да се пресметаат со припадници на друга навивачка група кои биле во салата на ракометниот натпревар“, информираат од МВР. При интервенцијата едно лице од групата физички нападнало полициски службеник. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Денеска (23.05.2022) во 05.45 часот на ул.„Методија Андонов Ченто“, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ги лишиле од слобода Х.М.(18), Д.М.(19), Л.Б.(19) и К.П.(18), сите од Велика Британија. Околу 01.50 часот тие одзеле такси возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки од Џ.М.(39) од Скопје, по што со возилото удриле во банкина на подрачје на Гази Баба. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.