Судар на автомобил и мал камион се случил попладнево околу 18 часот на Панчевскиот мост во правец кон Белград каде две лица загинаа.

Маж и жена испаднале од камионот. Двајцата од силината на ударот ја прелетале заштитната ограда. Едното тело е извлечено, се наоѓа во чамец на речната полиција  и не дава знаци на живот а другото е во подножјето на конструкцијата на мостот.

Во оваа тешка сообраќајна несреќа камионот бил целосно смачкан. Дел од него виси на оградата од мостот. Екипите на Брза помош излегле на местото на настанот.

Сообраќајот во овој дел од градот е во прекин, пренесе Телеграф.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_)