Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
„Со примени три дози на вакцини, минатата недела се тестирав и бев позитивен на ковид-19, по што поминав една недела дома во изолација. Тогаш напишав колумна. Благодарение на технологијата немаше застој во работењето и сите планирани состаноци ги реализирав виртуелно. Комплименти до вработените во Министерство за финансии, кои цело време беа на ниво на задачата, како и до раководството со кои функционираме како еден тим“, објави денеска министгерот за финансии Фатмир Бесими,. Во продолжение колумната на министерот Бесими: Поентата ми е на еден друг аспект, ние веќе се соочуваме со друга криза, енеретската и инфлацијата и големи неизвесности на пазарите…
Шефицата на шведската дипломатија Линде изјави дека не е постигнат договор и оти ќе продолжат преговорите. На маргините на неформалната средба на НАТО во Берлин синоќа разговараа министрите за надворешни работи на Шведска, на Финска и на Турција, Ан Линде, Пека Хавесто и Мевлут Чавушоглу. Шефицата на шведската дипломатија Линде изјави дека не е постигнат договор и оти ќе продолжат преговорите. – Имаме различни ставови, но јасно ставивме до знаење дека Курдската работничка партија (ПКК) е терористичка организација. Како и многу други сојузници на НАТО, ние исто така преговараме со други курдски организации. Тие (турските претставници) сметаат дека сите Курди…
Aко Русија престане да испорачува гас на Германија – тоа ќе биде катастрофа.. Последиците од прекинот на испораките на руски гас во Германија во моментов би биле катастрофални за германската економија, изјави директорот на Германскиот индустриски сојуз (БДИ), Зигфрид Русвурм во интервју за „Билд ам Зонтаг“. „Последиците од прекинот на испораката на руски гас во овој момент би биле катастрофални. Мора да имаме предвид дека во отсуство на такви количества, гас повеќе немаше да се доставува до краевите на нашиот гасоводен систем“, истакна Русвурм. Цените на природниот гас денеска пораснаа откако руската државна компанија Гаспром објави дека повеќе нема да…
Градоначалникот на Тетово Биљал Касами во неделното интервју за РСЕ вели дека во комуникација е со ВМРО-ДПМНЕ, но немаат некаков договор за следните чекори како ќе се координираат во делот на притисокот на нови предвремени избори. – Што се однесува до формална соработка за следни избори, искуството во делот на предизборната соработка со СДСМ, не става во позиција двапати да размислиме за следен чекор за таква постапка, истакна Касами. Иако општинската каса е блокирана, Касами уверува дека ќе ги изгради ветените проекти. БЕСА сака предвремени избори, но ако не е време за тоа, ќе бараме од меѓународните партнери дополнителни…
Македонското жири вчера реши да ѝ даде 12 бодови на Шпанија, додека Србија доби само 10 бодови од нас, а тоа ги налути нашите соседи. По завршување на Евровизија почнаа реакциите на Твитер, каде што буквално се водеше војна меѓу Македонија и Србија. Србите се лути затоа што очекувале 12 бодови од Македонија. https://twitter.com/ChakNaOriz/status/1525743174680993795?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1525743174680993795%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fpress24.mk%2Fvojna-na-tviter-megju-makedonija-i-srbija-poradi-glasovite-na-nasheto-zhiri-foto https://twitter.com/igorhadzievski/status/1525740852089344000?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1525740852089344000%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fpress24.mk%2Fvojna-na-tviter-megju-makedonija-i-srbija-poradi-glasovite-na-nasheto-zhiri-foto https://twitter.com/SofreTrifunoski/status/1525723106941317120?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1525723106941317120%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fpress24.mk%2Fvojna-na-tviter-megju-makedonija-i-srbija-poradi-glasovite-na-nasheto-zhiri-foto Македонската претставничка Андреа Коевска со песната „Circles“ не влезе во финалето на Евровизија. Коевска настапи во второто полуфинале од изборот за песна на Евровизија, што се одржува во Торино. По завршувањето на Евровизија твитерџиите излегоа со низа реакции на оваа тема. https://twitter.com/PeroZumbul/status/1525711203045199872?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1525711203045199872%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fskopjeinfo.mk%2Ftviter-reakcii-parite-od-evrovizija-da-se-vlozhat-vo-podobri-celi https://twitter.com/andon_ru/status/1525723982208671744?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1525723982208671744%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fskopjeinfo.mk%2Ftviter-reakcii-parite-od-evrovizija-da-se-vlozhat-vo-podobri-celi https://twitter.com/koleovojdole/status/1525424695612407808?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1525424695612407808%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fskopjeinfo.mk%2Ftviter-reakcii-parite-od-evrovizija-da-se-vlozhat-vo-podobri-celi
Имаме теми од суштинско значење за дискусија и убеден сум дека сите сојузници ќе покажат единство за синте нив, бидејќи тоа е од клучно значење со оглед на менливата безбедносна состојба, изјави од Берлин МНР Бујар Османи, кој присуствува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО. Северна Македонија како најнова членка на НАТО силно ја поддржува полтиката на отворени врати, а со тоа и аспирацијата на Шведска и Финска за членство во НАТО, што претставува важен чекор за севкупната евроатлантска безбедност, истакна Османи. Исто така, продолжи министерот, Западен Балкан ќе биде неизбежен дел од…
Бугарскиот премиерот Кирил Петков наскоро нема да го посети Скопје, изјави шефицата на Кабинетот на претседателот на Владата на Бугарија, Лена Бориславова. – Наскоро нема да има посета, бидејќи немаме документ на кој можеме да работиме врз основа на Договорот за добрососедство. Така што, како што вчера потврди и македонската страна, меѓувладината конференција се одлага се додека не видиме чекори поврзани со исполнување на критериумите и разбирање, што покажуваат заштита од дискриминација на бугарското етничко малцинство, изјави Бориславова за Бугарската национална телевизија (БНТ). Таа нагласи дека „Бугарија не бара малцинство” во земјава, туку вклучување на Бугарите како државотворен народ во…
Поранешниот фудбалер на Барселона, Макси Ролон (27 години), загина во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот во Пухат, кој е на 50 километри од градот Росарио во Аргентина. Тој беше дел од познатата младинска школа на Каталонците, популарната „Ла Масија“ и тоа во склоп на исклучително талентираната генерација фудбалери родени 1995 година, но не успеа да се пробие до првиот тим. Негов најголем успех беше кога во 2014 година со Барселона дојде до шампионскиот трофеј во младинската Лига на шампионите. Барселона на социјалните мрежи се збогува со својот поранешен талент. „Тажни сме поради смртта на Макси Ролон, кој беше…
Српски Курир, објави ексклузивна вест, повикувајќи се на извори од Патријаршијата во Белград како ќе изгледа одлуката на Соборот на СПЦ во однос на МПЦ-ОА, притоа обидувајќи се да создаде привидна слика, наспроти реалноста. Поистоветувајќи ги признавањата на канонскиот статус од Вселенската патријаршија и признавањето на канонскиот статус од СПЦ како идентични за МПЦ-ОА. Но, тие во себе имаат две огромни разлики. Првата е редоследноста, а втората е административниот статуд на црквата. МПЦ-ОА признаена прво од СПЦ како канонска, добива решен канонски статус, но дефакто добива и решен административен статус но како автономија, бидејќи се враќа таму од каде што…
Украина е победник на изборот за песна на Евровизија. Националните жирија иако дадоа повеќе гласови на претставникот на Обединетото Кралство, публиката допринесе за победа за оваа земја со огромни 439 поени. Украина настапи со песната Стефанија на изведувачите „Калуш оркестра“. Во финалната вечер настапија претставници на 25 земји, без Русија. Поради настаните во Украина, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) уште во февруари објави дека ниту еден руски изведувач не може да настапи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, а истото важи и за блискиот сојузник на Русија, Белорусија. Српската претставничка Констракта заврши на петтото место и доби награда за најдобар…
Претседателот на Украина, Володомир Зеленски се огласи на социјалните мрежи веднаш откако неговата земја беше прогласена за победник на Евровизија 2022. -Нашата храброст го импресионира светот, нашата музика ја освојува Европа! Следната година Украина ќе биде домаќин на Евровизија! По трет пат во својата историја. И верувам – не е последен. Ќе дадеме се’ од себе да бидеме домаќини на учесниците и гостите на Евровизија во украински Мариупол. Ослободен, мирен, повторно изграден, напиша Зеленски во својата објава. Тој се заблагодари за победата на „Калуш оркестра“ и на сите кои гласале за неа. Групата Калуш оркестра настапија во Торино со темата…
Во населеното место Благај, кое се наоѓа јужно од босанскиот град Мостар денеска се случила трагедија кога тригодишно дете паднало во реката Буна и се удавило, потврдија за порталот „Аваз“ од МВР на Херцеговско-неретванскиот кантон. Според првите информации, станува збор за момче кое граѓаните се обиделе да го спасат, но за жал не успеале. Екипа на Брзата помош дошла на местото на настанот, па откако детето било извлечено од водата, се обиделе со реанимација, но и покрај напорите можеле само да констатираат смрт. Во тек е увид на лице место, а повеќе детали ќе бидат познати подоцна.