Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема договор: Финска и Шведска не постигнаа компромис со Турција за членството во НАТО

0
By НОВА ТВ Terziova on May 15, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: atalayar.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 15, 2022 12:34

Шефицата на шведската дипломатија Линде изјави дека не е постигнат договор и оти ќе продолжат преговорите. На маргините на неформалната средба на НАТО во Берлин синоќа разговараа министрите за надворешни работи на Шведска, на Финска и на Турција, Ан Линде, Пека Хавесто и Мевлут Чавушоглу.

Шефицата на шведската дипломатија Линде изјави дека не е постигнат договор и оти ќе продолжат преговорите.

– Имаме различни ставови, но јасно ставивме до знаење дека Курдската работничка партија (ПКК) е терористичка организација. Како и многу други сојузници на НАТО, ние исто така преговараме со други курдски организации. Тие (турските претставници) сметаат дека сите Курди во североисточна Сирија припаѓаат на една организација. Ние не мислиме така, САД не мислат така – наведе Линде.

Таа додаде дека шведските дипломати ќе го продолжат дијалогот за тоа прашање.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на 13 мај изјави дека внимателно ги следи случувањата во врска со можното членство на Финска и Шведска во НАТО, но оти нема позитивно мислење за тоа.

– Немаме позитивно мислење. Скандинавските земји се како гостинска куќа за терористички организации – истакна Ердоган.

Иако Турција вообичаено одржува добри односи со Финска, таа имаше некои несогласувања со Шведска поради поддршката на скандинавската земја на сирискиот огранок на Курдската работничка партија (ПКК) и нејзиното спротивставување на турските прекугранични операции против терористичката група во северна Сирија.

Додека Чавушоглу вчера изјави дека мнозинството Турци се против приемот на Финска и на Шведска во НАТО и бараат од Анкара да го блокира процесот. Тој додаде дека за тоа ќе разговара со сојузниците во Алијансата, како и со Хелсинки и Стокхолм.

И советникот на турскиот претседател за надворешна политика Ибрахим Калин вчера изјави дека Анкара „ќе преговара со Финска и со Шведска за „сузбивање на терористичките активности“.

– Турција не ја затвори вратата за влез на Шведска и на Финска во НАТО, но сака да преговори со тие нордиски земји и сузбивање на терористичките активности, посебно во Стокхолм – наведе Калин.

Ердоган Русија Свет Турција Финска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 10, 2026

Колумбија: Разорен земјотрес од 7.4 степени – голем број настрадани

ВЕСТИ August 10, 2026

Најмалку 47 лица загинаа, а голем број се повредени во силниот земјотрес што денеска го…

Дваесет и пет години од кукавичкиот напад во кој загинаа осумина резервисти кај Љуботенски бачила

August 10, 2026

Сиљановска – Давкова се оградува од случајот со разузнавачот Тодоровски кој со потврда дека е осудуван беше испратен во Виена

August 9, 2026

25 години од погибијата на десет армиски резервисти кај Карпалак чиј конвој кукавички беше нападнат од заседа

August 8, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.