Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Два протестa се одржаа вечерва во центарот на Софија. Едниот во одбрана на националниот интерес на Бугарија во Македонија најавен како митинг-концерт организиран од партијата ВМРО, а другиот го запре сообраќајот на жолтата калдрма пред зградата на Собранието. Тој е во организација на најмалата парламентарна партија Вазраждане и инсистира на оставка на Владата. Приврзаниците на ВМРО во т.н „триаголник на моќта“ вееја бугарски знамиња со плакати: „Киро поднеси оставка“, „Мезија, Тракија, Македонија“, „Одбрани ја Бугарија“. – Ова е предупредување за митинг. Имаме информации дека на 24 овој месец владата на Кирил Петков се подготвува да го укине ветото за почеток…
„Не знам што би одбрал Петков ако условот за решение со Македонија е неговата политичката кариера да заврши како Ципрас, вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски. „Не знам харвардската двојка дали ќе одлучи да го жртвува нивниот политички капитал кој што се намалува со тек на време. Не сум сигурен Петков што ќе одбере. Прашањето е дури и да реши да ја жртвува политичката кариера, не знам дали има сила да го направи. Владата може да му се распадне при гласањето на решението со Македонија и одлуката за почеток на преговори со ЕУ“, вели Арсовски. Според него Бугарија е една од…
Денеска во доцните попладневни часови па и во првиот мрак (до околу 20 часот) беше реализира успешна координирана спасителна акција на институциите од системот за управување со кризи кај кањонот Матка во содејство на специјалците од МВР, пожарникарите од Скопската бригада и Брзата медицинска помош во координација на Центрот за управување со кризи (ЦУК). Возрасен маж околу 50-ина години, во доцните попладневни часови, паднал во бесознание од слошување заради срцева здравствена слабост, при самостојно рекреативно пешачење на патеката до манастирот Свети Никола Шишевски што се наоѓа на десната страна од акумулацијата „Матка“. Први, случајно и пред стемнување, го пронашле граѓани…
Автобусите со број 19, кои сообраќаат во рамки на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, се исклучени од сообраќај. Според приватната компанија „Макекспрес“ која стопанисува со оваа линија, Град Скопје не им исплатил средства за превоз од февруари и заради тоа возачите еден по еден ги исклучувале автобусите, пишува Порталб.мк. Автобуската линија 19, кој тргнува од Шуто Оризари до Карпош и обратно, е долга помеѓу 11,5 и 12 километри. Вчера попладне, како и денеска, автобусите не сообраќаа бидејќи Град Скопје не им исплаќа средства на сопствениците на автобусите. Од компанијата „Макекспрес“ велат дека сопствениците на автобуси кои сообраќаат на оваа линија…
Експертите за политика на ЕУ велат дека предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за создавање нова политичка организација чија цел е обединување на земјите кои ги споделуваат вредностите на ЕУ, но не се дел од блокот, е обид да се запре проширувањето на ЕУ. Тоби Фогел, аналитичар и експерт за ЕУ и Западен Балкан со седиште во Брисел, оценува дека идејата на претседателот Макрон нема да биде поддржана од земјите од блокот. Покрај тоа што го опишува предлогот како нејасен, Фогел вели дека Макрон преку оваа идеја го открива противењето што го има во однос на членството на новите држави…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Mицкоски најави нови чекори и кажа дека ова ќе потрае. Освен активната блокада, ќе имаат и други активности. Според него, имаме многу проблеми, а Владата нема капацитет. „Затоа ова што го правиме е легитимно и нормално и да бараме предвремени избори. Ние не ги блокираме законите кои што се во интерес на граѓаните, а тоа се повисоки плати и пензии, подобар стандард. Сѐ останато, како што беше автентичното мислење за Законот за игрите на среќа, ќе биде блокирано“, рече Мицкоски во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма. Блокадата на собранието, според него, не се прави за…
Со пружање поддршка на Украина и зајакнување на сопствената одбрана, НАТО се обидува да ги минимизира ризиците од директен конфликт со Руската Федерација, изјави денеска заменик генералниот секретар на Алијансата, Мирчеа Џоана. „Мораме да се погрижиме дека, давајќи ѝ поддршка на Украина, со зајакнување на одбраната на НАТО, да не создадеме ризик од ескалација на војната меѓу НАТО и Русија“, рече тој во Вашингтон, пренесува РИА Новости. Џоана нагласи дека НАТО има одговорност да обезбеди „оваа војна да не се прошири понатаму, бидејќи тоа би довело до дополнително страдање, смрт и поголема нестабилност ширум светот“.
Со 61 глас „за”, 39 „против” и без „воздржани” Собранието вечерва го усвои дневниот ред на 71. седница, постапка што почна од вчера, кога и започна блокадата на законодавниот дом од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Каква Северна Кореја? Не ми спомнувај Северна Кореја. Немаме ништо заедничко со таа земја, му рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски откако беше обвинет дека го крши Деловникот на Собранието. -Немојте сите во хор. Чекајте еден по еден. Колеги од опозицијата, немам никаков проблем со македонскиот јазик и ќе ви читам на македонски, кажа Џафери и…
Украинските сили најавија успешен контранапад на руските сили што може да сигнализира пресврт во војната, а Киев го прекина преносот на гас во Европа преку областите под контрола на Русија. Во Вилхивка, село источно од Харков што го држат украинските сили, речиси постојано одекнуваа детонации од блиското бојно поле, сега значително се префрли на исток, каде Украина се обидува да ги окупира бреговите на реката Доњецк и да ги загрози руските линии за снабдување од другата страна. По неколкудневно напредување, украинските сили денеска биле лоцирани на неколку километри од руската граница во областа Харков, изјави за Ројтерс извор од украинската…
По најновото зголемување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, од Македонската банкарска асоцијација (МБА) велат дека банките и штедилниците ги следат сигналите на монетарната политика и оти секоја од нив прави проценка и ќе донесе одлука околу евентуалното менување на каматните стапки на кредитите и депозитите. – Нашите членки, банките и штедилниците, ги следат мерките и сигналите на монетарната политика и секоја од нив, во зависност од своите деловни политики и конкретните околности на пазарот прави проценка и одлука околу евентуално менување на каматните стапки на кредитите и депозитите, се вели во одговорот од Македонската банкарска асоцијација. Во…
Лице се јавило дека е поставена бомба во белградската зоолошка градина, што претставува четврта дојава за бомба во главниот српски град во изминатите половина час, пишуваат српските медиуми. Бомба била пријавена во трговскиот центар БИГ Раковица, потоа во ТЦ Рајиќева, а според медиумите и во ТЦ Бањица. Во моментов во тек е евакуација на сите посетители.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната собраниска седница вели дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има поднесено 10 законски решенија, но се уште истите не се преведени од страна на собраниските служби иако законските три дена поминале, порачувајќи му на претседателот на Собранието Талат Џафери дека не може да го злоупотребува и крши деловникот на Собранието. -Закони 10 кои што ги имаме предложено да вас, од наша страна се исполнети сите услови, Собранието без претрес се изјаснува член 77 за секој предлог за изменување и дополнување на секој предлог на предложениот дневен ред и предлог на дневниот…