Лице се јавило дека е поставена бомба во белградската зоолошка градина, што претставува четврта дојава за бомба во главниот српски град во изминатите половина час, пишуваат српските медиуми.

Бомба била пријавена во трговскиот центар БИГ Раковица, потоа во ТЦ Рајиќева, а според медиумите и во ТЦ Бањица.

Во моментов во тек е евакуација на сите посетители.