Author: НОВА ТВ Terziova

Од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информираат дека денеска, на верскиот празник Рамазан Бајрам, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, a ќе има дежурни билетарници. Од ЈСП додаваат дека денеска, од 7 до 14 часот, дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и во Ѓорче Петров. Жичарницата на Средно Водно ќе функционира вообичаено во период од 10 до 20 часот.

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со видео обраќање им го честита празникот Рамазан Бајрам на сите припадници на Исламската вероисповед. Во честитката премиерот Ковачевски истакнува дека Рамазан Бајрам е празник на обновата на духовната сила којашто ја зајакнува вербата на луѓето во доброто, вистината, правдата и поттикнува желба за меѓусебна почит, разбирање, солидарност. Во продолжение на ова соопштение ви го пренесуваме текстот од видео честитката на премиерот Ковачевски по повод Рамазан Бајрам во целост: На сите припадници на Исламската вероисповед во нашата земја, во мое, и во име на Владата на Северна Македонија, упатувам најискрени честитки…

Read More

Поради се покомплексната безбедносна ситуација во земјата, владата ги заостри регулативите за набавка и поседување огнено оружје. Талибанската влада се соочува со зголемен број напади на ИДИЛ врз цивили, помалку од една година откако ја презедоа контролата врз Авганистан. Голем број вооружени бунтовнички групи се закана за нивните безбедносни сили. Дозволите за оружје отсега ќе мора да се плаќаат. https://www.youtube.com/watch?v=vqPl3eRZFeU

Read More

Kоментирajќи ја тримесечната руска инвазија на Украина, надворешнополитичкиот аналитичар Бранимир Видмаровиќ вели дека во фокусот на Русија дефинитивно е јужниот дел од таа земја, пренесуваат медиумите во регионот. „Гледаме дека новата фаза се разликува од првата, која беше побрза и имаше поголеми проблеми. Сега гледаме побавно, потемелно, поодмерено и посистематично темпо“, вели Видмаровиќ за акциите на руските сили. Тој додава дека ова е вистинското лице на војната, а првата фаза била присила кон преговари со цел да се изнуди компромис. „Ова е бескомпромисна опција“, кажал тој. Видмаровиќ се сомнева дека Русија би можела да го освои Донбас до Денот на…

Read More

На веб-страницата на ЕУ е објавено дека покрај С. Македонија, и Србија, Црна Гора, Албанија, БиХ, како и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка се приклучиле на одлуките на Европскиот совет од 21 февруари, со кои се санкционираат уште 22 лица и четири ентитети од Мјанмар. Кон санкциите се приклучиле и Украина, Молдавија и Ерменија. На одлуките на Европскиот совет од 11 април, кои се проширени и за 12 месеци продолжени рестриктивните мерки против поединци и субјекти во однос на ситуацијата во Иран, се приклучија и Црна Гора, Северна Македонија и Албанија, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Украина. Во однос на…

Read More

Западот нема да чека Русија да побара прошка и да капитулира пред санкциите, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. „За да верувате дека овој бран санкции ќе не натера „да плачеме за помош и да бараме прошка“, треба да бидете лош планер и да не знаете ништо за надворешната политика на Москва или за тоа како да се справи со Русија“, рече рускиот министер. интервју за ТВ каналот Ал Арабија. Руската Федерација не мисли дека е во војна со НАТО, но се чини дека алијансата верува во нешто друго, рече Лавров, додавајќи дека Русија никогаш не флертува со темата…

Read More

Парите од набавката за која Обвинителството го гони поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири, биле префрлени на сметките на фирмата во Хрватска, вели основната јавна обвинителка Вилма Русковска. На прашањето дали е можно некој да му наложил на Зеќири да ја спроведе набавката без да распише тендер, обвинителката вели дека треба да се обезбедат докази за евентуално да се гони тоа лице. Според обвинителството, со спорната набавка е направена штета на буџетот од речиси милион евра. Генералниот секретар располага со целиот буџет на Владата, а оттаму донеле постапка за консултанска услуга, но во четири очи. Русковска вели дека е…

Read More

Ослободени сме од дневните етнички, партиски, соседски, медиумски и друг вид на притисоци. Заедно, Министерството за одбрана со вас како организација работиме за доближување, остварување и интегрирање, а не за изолирање на евроатлантските интереси на државата. Тоа го правиме со постојано балансирање и толерирање на наднационална, надетничка, надпартиска активност со едноставна цел за справување со секојдневните предизвици во работењето, со постојана грижа за безбедноста, мирот и одбраната на граѓаните од сите видови на загрозување и секако остварување на нивните слободи и права. Ова вечерва го соопшти министерката за одбрана Славјанка Петровска на свечената академија по повод 70 години од основањето…

Read More

Не може да сме сигурни дека кризата со коронавирусот заврши, но знаеме дека во моментов ризикот за некаква сериозна компликација и сериозен притисок на нашиот здравствен систем е многу низок и од таа причина одлучивме да предложиме укинување на речиси сите рестриктивни мерки, со назнака дека на дневна и неделна основа ги дискутираме бројките, го следиме движењето и доколку има потреба ќе реагираме благовремено со воведување на некои нови мерки. Мислам дека ќе имаме многу мирни неколку месеци за од есен ќе видиме, истакна вечерва претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски. Во врска со неносењето маска во маркет,…

Read More

Не е познато колку луѓе се затрупани под шесткатница која делумно се урна денеска во централна Кина. Државните медиуми објавија дека повеќе од 130 спасувачи ги расчистуваат урнатините на зградата во градот Чангша во провинцијата Хунан. Според извештаите, во зградата имало ресторан, продавници и мал хотел. Во такви згради во Кина становите се на повисоки катови. Снимките од зградата покажуваат дека нејзиниот преден дел е претежно недопрен, додека задниот дел од зградата се чини дека е урнат. https://twitter.com/francetvchine/status/1519968589721202689?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1519968589721202689%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0b2d0be-d0bad0b8d0bdd0b0-d181d0b5-d183d180d0bdd0b0-d188d0b5d181d182d0bad0b0d182d0bdd0b8d186d0b0-d0bdd0b5-d0b5%2F

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин не ги покани шефовите на странски држави во Москва за годинешното одбележување на Денот на победата над фашизмот на 9 мај, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „ Тоа е празник на цела Русија, на сите Руси“ – одговори Песков на новинарите по прашањето кој од меѓународната заедница ќе присуствува на парадата во Москва. На минатогодишната прослава со воена парада на Црвениот плоштад присуствуваше само претседателот на Таџикистан, Емомали Рахманов. За време на прославата на 65-годишнината од Денот на победата во Москва во 2010 година, војници од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција и Полска…

Read More

Најновиот извештај на Државната ревизија за успешноста на шесте пакет економски мерки на Владата покажува дека дел од институциите ги користеле парите за други цели, иако биле наменети за проекти. Финансиските средства биле доделени за реконструкција на Универзална сала, набавка на механизација и товарни возила, подмирување на обврски настанати пред периодот на прогласување на пандемијата, но не биле искористени за нивната цел. Дел од институциите добиле средства во износ од 67.780 илјади денари, а ги искористиле за исплата на плата на вработените, без никаква законска основа. Со извршената категоризација на донесените економски мерки по нивната сродност, согласно извештајот за првите…

Read More