Author: НОВА ТВ Terziova

ДУИ е за предвремени парламентарни избори во април 2024, заедно со претседателските, рече првиот вицепремиер Артан Груби на форумот организиран за првите 100 дена од владата на Ковачевски. „ДУИ како учесник во оваа коалиција смета дека предвремените парламентарни избори може да се одржат во април 2024 заедно со претседателските. ДУИ како дел од оваа коалиција силно го поддржува парламентарното мнозинство, владината коалиција и тука сме за реализирање на овие проекти. На граѓаните не им треба непредвидливост, не им треба авантура со избори бидејќи тие им се потребни само на некои дестабилизарачки агенди на регионот, кои ги прави некој друг“, вели…

Read More

Британскиот конзервативен пратеник Нил Периш е суспендиран од партијата по истрага за наводно гледање порнографија на мобилен телефон во просториите за дебата во Долниот дом на Парламентот. Шеесет и петгодишниот пратеник сам се пријавил во парламентарната комисија задолжена за прашањата за однесување на пратеници, изјави портпаролот на шефот на ториевците во парламентот, Крис Хитон-Харис. „Група конзервативци го суспендираа Париш додека се чекаат заклучоците од истрагата“. Британската конзервативна партија на премиерот Борис Џонсон отвори истрага во средата откако пратеник го обвини Париш дека гледал порнографска содржина во Парламентот. Париш тогаш не беше јавно именуван.

Read More

Домаќинствата во Европска Унија плаќаа значително повисоки сметки за гас и електрична енергија во втората половина на 2021 година поради раст на цените на пазарите на големо, поттикнати од бранот побарувачка што предизвика закрепнување на економијата од пандемиската криза. – Просечната цена на струјата за домаќинствата во ЕУ во втората половина од минатата година била за 11,3 отсто повисока во споредба со истиот период во 2020 година и изнесувала 23,7 евра за 100 киловатчасови, соопшти Евростат. Просечната цена на гасот забележа раст од речиси ист процент и изнесува на 7,8 евра за 100 киловатчасови. Во првата половина од годината струјата…

Read More

МНР доцна вечерва ја демантираше информацијата дека не е прифатено барање за агреман за амбасадор на Македонија во Брисел. Оваа реакција дојде откако рано вечерва медиумите објавија информација дека предлогот на Владата за амбасадорка во ЕУ во Брисел да биде испратена Теута Арифи, не го поминал филтерот на ЕУ. „Министерството за надворешни работи ги демантира шпекулациите кои се појавија во одредени медиуми дека не е прифатено барање за агреман за амбасадор на Република Северна Македонија во Брисел од причини што досега воопшто не е пратен предлог за добивање на агреман до Европската Унија“, велат од МНР. Притоа МНР тврди и…

Read More

Шесткратниот гренд слем шампион, Борис Бекер е осуден на затворска казна од две и пол години од судот во Лондон. Бекер банкротираше во јуни 2017 откако не успеа да го врати долгот од 3 милиони фунти за својата луксузна вила во Мајорка, Шпанија. Коментаторот на Би-Би-Си, Бекер, кој е татко на четири деца, префрлил околу 390.000 фунти од својата деловна сметка на други, вклучувајќи ги и оние на неговата поранешна сопруга Барбара Бекер и отуѓената сопруга Шарли „Лили“ Бекер. Тој, исто така, не го пријавил својот удел во имот од 1 милион фунти во неговиот роден град Лејмен, Германија, криел…

Read More

Кумановската полиција денеска во пресрет на празниците апелираше до граѓаните да внимаваат на личниот имот. СВР Куманово советува граѓаните да не објавуваат на социјалните мрежи кога заминуваат на празничен викенд, да заклучат, да внимаваат на вредните работи. -По повод престојните празници кога поголем број од граѓаните се надвор од своите домови, апелираме граѓаните да ги преземат сите неопходни мерки на соодветна заштита на пари и вредни предмети при нивното отсуство од домот. Да не се оставаат информации на социјалните мрежи пред одење дека сте надвор од дома во моментот, каде сте и што правите. При излегување да се проверат сите…

Read More

Само во последните 24 дена имаме 1400 тони увезено масло за јадење, има доволни количини на основни прехранбени производи. Ние како Влада ќе дозволиме извоз, цената на извозот влијае на намалувањето на цените на домашниот пазар„ ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши на форумот организирана за „100-те дена“ на Владата. Toj истакна дека кризата кај нас е увезена од странство, но сепак се преземени мерки за заштита на стандардот на граѓаните и сите овие мерки ги дадоа вистинските резултати. Министерот Бектеши нагласи и дека секогаш има деструктивни страни кои сакаат вештачки да ја продлабочат кризата. Министерот додаде дека…

Read More

Од ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) информираат дека во тек на овој викенд почнуваат активности за реновирање на Ургентиот хируршки центар и овие зафати ќе се реализираат во траење од еден, најдоцна до два месеца. Од Ургентниот центар информираат дека ќе функционираат непречено со дежурни тимови во текот на целото деноноќие, но со помал обем и пациентите кај кои е неопходна итна здравствена услуга ќе бидат соодветно згрижени. Во овој период на реновирање, пациентите со итна патологија ќе се примаат во просториите на амбулантниот дел на Клиника за трауматологија, што…

Read More

„Еден од приоритетите на оваа Влада кое го нотиравме и во Програмата за работа 2022 -2024 година беше токму покачувањето на пензиите. Преку социјален дијалог со сите засегнати чинители, дојдовме до заедничко и најодржливо решение, а тоа е воспоставување на нова методологијата за усогласување на пензиите односно усогласување со 50 проценти од порастот на трошоците на живот и 50 проценти од порастот на просечната плата, два пати годишно,“истакна министерската за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на Форумот организиран по повод 100 дена Влада. На прашање во врска со капиталните инвестиции на Министерството за труд и социјална политика, и планот…

Read More

Доброволно ќе заминам од политиката, но не можам да го предадам аманетот на моите пријатели и активисти, изјави претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон…“ на Алсат. „Лично, многу би сакал да заминам од политиката, но имам обврска, доверба од пријатели, активисти, кои никогаш не сакам да ги изневерам. Сѐ додека тие ќе бараат да останам, јас ќе останам жив или мртов таму. Јас сум во политиката заради кауза, заради идеја, заради промовирање на одредени вредности и додека сум жив ќе придонесувам за тие вредности без разлика на мојата политичка позиција“, рече Гаши. Во врска…

Read More

Имаме еден културен центар во Софија и според нашите проценки, можеме да отвориме во било кој друг град, кој што би го финансирала владата, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи во емисијата „Клик плус“. „Секако мораме прво да испратиме барање и да го известиме бугарското Министерство за надворешни работи. До крајот на годината би можело да се реализира,околу евентуалното отворање на македонски културен центар во Благоевград“, вели министерот. Според него, историчарите треба да бидат прашани за името на тој центар. -Ковачевски ќе комуницира со премиерот Петков, изјави Османи. Министерот за надворешни работи истакна и дека позади сите политички успеси…

Read More

Европската унија работи напорно за да ги убеди Бугарија и Северна Македонија да го решат спорот и да го отворат патот за пристапни преговори со ЕУ за Северна Македонија и Албанија, изјави во Тирана еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Тој рече дека доцнењето на Брисел за отпочнување на разговорите за членство во ЕУ со владите на Тирана и Скопје ја доведува во прашање безбедноста и довербата во Унијата. Тој напомена дека „наша цел е оваа работа да заврши за време на француското претседавање“ и доколку е потребно тој секојдневно ќе оди во Скопје и Софија. – Мора да почнеме со…

Read More