Имаме еден културен центар во Софија и според нашите проценки, можеме да отвориме во било кој друг град, кој што би го финансирала владата, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи во емисијата „Клик плус“.

„Секако мораме прво да испратиме барање и да го известиме бугарското Министерство за надворешни работи. До крајот на годината би можело да се реализира,околу евентуалното отворање на македонски културен центар во Благоевград“, вели министерот.

Според него, историчарите треба да бидат прашани за името на тој центар.

-Ковачевски ќе комуницира со премиерот Петков, изјави Османи.

Министерот за надворешни работи истакна и дека позади сите политички успеси на државава има одреден печат на САД.

„Тоа значи дека САД го фокусираат нивното присуство преку овој процес… Јас често спомнувам дека позади сите политички успеси на државава има и одреден печат на Соединетите Американски Држави“, вели Османи.